Руска река поплави американски град во Калифорнија

Реката на северот на американската држава Калифорнија која на англиски се вика Russian river (во превод Руска река) се излеа по обилните врнежи, така што патиштата до две гратчиња се затворени, пренесува „Асошиејтед Прес“.

Поради излевањето на Руска река до гратчињата Гернсвил и Монте Рио во округот Сонома северно од Сан Франциско се стигнува само со чамци, пренесуваат руските медиуми. 

Како што објави канцеларијата на шерифот, затворен е, меѓу другото, патот под назив Moscow Road (Московски пат), кој делумно се протега по должината на Руска река.

До пораст на нивото на водата во Руска река дојде поради обилните дождови во последните неколку дена. Оштетени се куќи и автомобили. Поради опасност од поплава наложена е евакуација на четири илјади жители. 

Рашн Ривер тече недалеку од Форт Рос, некогашна руска населба и тврдина кои денес имаат статус на историски парк на државата Калифорнија и американско национално наследство. Одбранбеното утврдување го подигнал на почетокот на XIX век припадникот на рускиот граѓански сталеж Иван Кусков од градот Тотма во Вологодската губернија. Од 1808 до 1812 година утврдувањето го носело називот Форт Румјанцев. На 13 август 1812 година го добило официјалниот назив Форт Рос и станало најјужната руска колонија во Северна Америка, наменета за снабдување на Алјаска со продукти.

Прочитајте повеќе: Првата руска населба во САД одбележува 205 години од основањето

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња