Првата руска населба во САД одбележува 205 години од основањето

Првите градби на тврдината Рос, како што се викала населбата на почетокот, се подигнати во март 1812 година.

Потомците на руските колонисти и нивните сонародници во САД одбележуваат 205 години од основањето на Форт Рос, првата руска населба на територијата на американската држава Калифорнија.

Богатото пристаниште за малку не станало зачеток на американската област на Русија. Иако Форт Рос е продаден за само 43 илјади рубли во сребро, таму до ден-денес повеќе се Руси од останатото население. Првите градби на тврдината Рос, како што се викала населбата на почетокот, се подигнати во март 1812 година, а во август истата година над нив се развеало знамето добиено како подарок од царот Павел I, пренесува РЕН ТВ.

За повеќе од два века Форт Рос речиси и да се нема сменето: ѕидот на тврдината е од секвоја, куќите се дрвени и има црква на ридот. Од оригиналните градби останала само куќата на командантот на населбата, а сето останато е реконструирано врз основа на цртежите направени по земјотресот и пожарот.

Претставникот на руското Министерство за одбрана за организација и спроведување на воени меморијални активности во САД Максим Алексеев изјави дека најголем дел од доселениците биле Русите вработени во Руската американска компанија, полувоена организација која ангажирала луѓе со договор на седум години. Освен Руси, тука работеле и Јакути, Швеѓани, доселеници од Полинезија, но исто така и Индијанци од различни племиња кои го примиле православието. Од САД во Русија се извезувало крзно од животни кое било поскапо од златото.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња