Американските научници предупредуваат: Руските кукавици ја освојуваат Алјаска

Global Look Press
Обичните кукавици и нивните според димензиите помали посестрими, познати под латинскиот назив Cuculus optatus (а некаде и како „ориентални“), птици населени на истокот на Русија, го прошируваат живеалиштето и се префрлуваат на подрачјето на Алјаска.

Ова набљудување американските орнитолози го изнесоа во статијата објавена во магазинот Journal of Field Ornithology истакнувајќи дека наведената појава може да им наштети на локалните птици.

Кукавиците, како што е познато, положуваат јајца во гнездата на другите птици, а пилињата по изведувањето ги исфрлаат од гнездото јајцата на домаќинот. Стручњаците сакаа да ги истражат последиците од подметнувањето на кукавичките јајца во гнездата на другите птици. Со таа цел тие во повеќе наврати подметнувале вештачки кукавички јајца во 62 гнезда на 27 различни видови пици. Како што се покажа, во Сибир, во 14 од 22 случаи, птиците ги исфрлале од гнездата туѓите јајца. Меѓутоа, во 96 експерименти спроведени на Алјаска, птиците само еднаш се ослободиле од подметнатите јајца.

Орнитолозите стравуваат дека популациите на другите видови птици на Алјаска би можеле да бидат загрозени. Според нивното мислење, сибирските птици подобро се снаоѓаат во наведената ситуација, затоа што се среќавале со појавата на туѓи пилиња во своите гнезда. Меѓутоа, птиците на Алјаска се беспомошни пред кукавиците.

Прочитајте повеќе за тоа како Русија ја продаде Алјаска

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња