„Луѓето се среќни“: Русин изнајми трамвај за бесплатно да ги повози сограѓаните

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Global Look Press
„Само сакав да видам насмевки на лицата на луѓето“, изјави тој.

Жителот на Краснодар (град на југот на Русија) Иван Калугин на 11 февруари изнајми трамвај на линијата бр. 5 и на граѓаните им овозможи бесплатно возење. Калугин го изнајми трамвајот од 06:24 до 23:55 часот. Ова за „Интерфакс” го соопшти Краснодарската трамвајско-тролејбусна управа.

Калугин за „Типичен Краснодар” изјави дека градската управа брзо му излегла во пресрет, но дека барале да истакнат известувања за тоа. Тој објавил дека возењата ќе бидат бесплатни до 23:55. Изнајмувањето на трамвајот го чинело 50 илјади рубли (675 евра). Инаку, возењето со трамвај за патниците чини 26 рубли (0,35 евра).

Краснодарецот објасни дека само сакал да направи „големо добро дело”. Калугин додде дека на луѓето не им било јасно од каде тоа дека можат бесплатно да се возат. Тој и самиот се повозел со трамвајот и им рекол на патниците дека до крајот на денот нема да има кондуктери.

Прочитајте повеќе: Руски учител во пензија заштедил милион рубли и сите пари ги подари на дом за незгрижени деца

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња