Руски учител во пензија заштедил милион рубли и сите пари ги подари на дом за незгрижени деца

Скриншот

Наставникот по историја во пензија, 85-годишниот Евгениј Попов од селото Ајкино во руската Република Коми ја донираше на дом за деца без родители целата своја заштеда од еден милион рубли (околу 13690 евра) која ја собирал 64 години. Племенитиот мецена сакаше притоа да остане анонимен, но вработените и штитениците на домот сакаа по секоја цена да го дознаат името на својот добротвор за да му кажат барем „фала“.

Попов, кој четириесет години предаваше историја и општествени науки во селското училиште и кој секој месец од платата одвојувал пари на шест различни штедни книшки нема свое семејство и живее сам во стара дрвена куќа.

Роден е во Ајкино во големо работничко семејство. По завршената Државна педагошка академија се враќа во родното село каде во локалното училиште изведува на животниот пат бројни генерации деца.

Парите ги собира за куќата, а потоа по инерција продолжува да штеди. Кога на сметката се насобрала импресивна сума пари тој сфатил дека парите му се попотребни на домот за деца без родители отколку нему и решил да ја донира целокупната заштеда.

Тоа се случило во моментот кога во локалниот весник прочитал статија за интернатот „Гаврош”.

Управата на социјално-рехабилитацискиот центар за малолетници реши да ги потроши парите на купување нов мебел и компјутери. Во знак на благодарност за овој племенит гест штитениците на домот редовно го посетуваат поранешниот просветен работник и му помагаат во секојдневните работи, затоа што Евгениј одамна не е во состојба да си нацрпи вода од бунарот и да си нацепи дрва за огрев.

Прочитајте повеќе: Пензионерка од Новгородската област на 86 години доби златна значка по ПРО

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња