Шведска новинарка воодушевена од јавниот превоз во Русија: Сѐ работи како навиено, метрото, возовите

Global Look Press

Очигледно, ништо не е вечно, па ни предрасудите, руските градови последниве години станаа неспоредливо попријатни за живот и тоа е беспредметно да се негира, вели руски политиколог.

Шведската новинарка Ана Лена Лаурен во својот текст за весникот Dagens Nyheter пишува за јавниот сообраќај во Русија, фасцинирана од неговата сигурност и беспрекорното функционирање врз кое, како што наведува, временските прилики немаат речиси никакво влијание.

„Неспорно е дека во Русија едноставно можете да се „потпрете“ на јавниот сообраќај. Возовите, тролејбусите, метрото, сите се придржуваат до возниот ред и на тоа немаат никакво влијание промените на температурата, мразовите, лапавицата или поледицата. Користењето зиме на градскиот превоз во Москва е дури и посигурно, затоа што таксистите, на пример, не секогаш ги заменуваат на време летните гуми со зимски“, пишува Лaурен.

Примерот кој ја воодушевил е фактот што во Сибир, каде зиме температурите се спуштаат и преку четириесет степени под нулата, возовите стигнуваат на време. Снегот нема никакво влијание, а возовите, како што вели таа, одат „како по лој“.

Шведската новинарка ја изненадила и информацијата дека во Русија железниците се под управа на државата, која има „цела армија“ вработени кои по потреба се ангажираат во одржувањето на транспортната инфраструктура.

„Разликата меѓу Шведска и Русија во овој поглед е многу едноставна, работата е во персоналот. Кога дојде до промена на температурата или влошување на времето, „Руски железници“ истиот момент испраќаат луѓе да го регулираат тоа. Ако е потребно, проблемот се решава и среде ноќ“, наведува Лаурен во текстот, забележувајќи дека „во Русија и понатаму се смета за нормално многу вработени во РЖД главно да работат чисто физичка работа“.

„Се надевам дека во Русија никогаш нема да пристигне модернизацијата во поглед на контрола на железницата“, заклучува Лаурен.

Коментирајќи го за руските медиуми текстот на шведската новинарка, политикологот Андреј Кољадин изјави дека во нејзините зборови има многу вистина, но и многу незнаење, затоа што Русија е  специфична земја.

„Постојат Москва, Петербург, и Новосибирск, но и помали градови во кои за јавниот сообраќај не се зборува многу пофално... Меѓутоа, со искуството на човек кој посетил многу градови во светот, без двоумење би можел да кажам дека рускиот јавен превоз ни малку не заостанува зад најразвиените земји во светот, а по некои параметри дури и ги надминува. Така, на интернет постојат специјални програми на кои во реално време може да се види каде се наоѓа некој автобус и така да си го планирате времето“, рече тој.

Руските градови во последно време станаа далеку попријатни за живот и нема никаков резон тоа да се негира, смета рускиот политиколог.

„Бесмислено е да се негира тоа, па и на странците, кои ги посетуваат нашите градови и можат да видат дека ние во таа смисла не заостануваме зад Париз, Лондон или Њујорк. Меѓутоа, предрасудите за „заостанатата Русија“ се задржаа во некои глави. Тоа се решава само со отвореност. Кај може безбедно да се патува, да се користи јавниот превоз и притоа да се сфати дека стереотипите не се вечни и дека во земјата многу нешта се променија на подобро“, вели Кољадин.

Прочитајте повеќе: Руски воз: Британска новинарка ги споделува своите впечатоци од „волшебното“ патување по Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња