Во Сибир момчиња спасија соученик кој останал без рака и почнал да се дави

Global Look Press

Тринаесетгодишниците Никита Чебаевски и Данил Косихин кои се одморале покрај реката Маралиха во Чаришкиот регион на Република Алтај го спасиле од смрт својот другар од одделението кој останал без рака за време на скок во вода од јаже, се наведува на сајтот на регионалната управа на руското Министерство за вонредни состојби.

Момчето за малку не се удавило, но неговите другари успеале да го извлечат на брегот. Потоа на раце го однеле во болница.

„На пат кон болницата на момчињата на помош им дотрчале возрасни кои им помогнале цврсто да ја заврзат раката на повреденото другарче и го одвеле во медицинска установа. Тој потоа со хеликоптер е пренесен во Барнаул“, се наведува во соопштението. Истражните органи утврдиле дека раката на момчето кое извело опасен скок се заплеткала во јажето, што предизвилао сериозна повреда.

Инцидентот се случил на 10 август. Чебаевски и Косихин, ученици во осмо одделение во Маралихинското средно училиште се предложени за медал од Министерството за вонредни состојби на Русија „За спасување луѓе од вода“.

Во март 2017 година двајца ученици од постарите класови во Астрахањ спасија деца кои пропаднале низ мразот на речниот канал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња