Неочекувани резултати и драматични натпревари
Целосниот дебакл на репрезентацијата на Германија и нејзиниот неуспех да ја помине групната фаза го шокираа целиот свет. Актуелните светски шампиони успеаја да постигнат само два гола во текот на својот блед настап на руска почва.

Reuters
На последните 16 шампионати само двапати се случи светскиот шампион да испадне од конкуренција на најдобрите 16 екипи: Бразил испадна 1966 година, кога ѕвездата на тимот Пеле беше повреден, а на Италија тоа ѝ се случи 1950 година.
И други земји оваа година постигна некои неочекувани резултати. Аргентина на првите два натпревара освои само еден од. Поразот на оваа репрезентација од Хрватска со резултат од 3:0 ќе се памети долго. Полска, од која се очекуваше заедно со Колумбија да ја помине групната фаза, по само два натпревара изгуби секаква надеж за понатамошен пласман. Светот не можеше да верува дека Бразил ќе се мачи да ја совлада Костарика. Шпанија имаше тешкотии против Мароко, а Португалија несигурно одигра против Иран.
Сето тоа звучи неверојатно, судејќи според процените на обложувалниците пред почетокот на Светскиот шампионат.
Во групната фаза само еден натпревар заврши без голови
Првпат од 1954 година на првите 20 мечеви од Светското првенство не е забележан резултат 0:0.

Christian Charisius / Global Look Press
Од 48 натпревари на групната фаза на натпреварувањето само еден заврши без голови, што значи дека на шампионатот паднаа многу голови, од кои многу беа спектакуларни.
А можеме да очекуваме уште повеќе.
Повеќе дополнително време = подраматични натпревари
На овој турнир имаше повеќе продолженија од обично и со самото тоа повеќе возбудувања, со 13 голови дадени во дополнителното време. Седум од нив доведоа или до израмнување или до победа, а навивачите до последните секунди седеа како на игли. Такви натпревари вреди да се гледаат!
Антон Денисов / Sputnik
Што се однесува до мечевите Шпанија-Мароко и Португалија-Иран, головите дадени во последните минути одредија кои тимови одат понатаму.
VAR технологијата дава дополнителна димензија (и поправедно судење)
VAR технологијата беше користена првпат на Светското првенство и покрај тоа што малку ја забавува играта, таа дава дополнителна возбуда. Судијата сега може да ги провери важните одлуки гледајќи забавена снимка од неколку агли за да биде сигурен дека правдата е задоволена.
Reuters
Освен тоа, првиот пенал на овој шампионат беше досуден откако судијата користеше VAR на натпреварот Франција-Австралија.
Русија пишува историја
Првпат во современата историја на Руската Федерација националната селекција пројде во четвртфиналето на натпреварувањето по историската победа над Шпанија.
Reuters
Русија ги изненади сите оние кои се сомневаа во неа и кои пред шампионатот ја отпишуваа како инфериорен тим.