Аршавин како фудбалер на Зенит 2012 година и Акинфеев – голман на ЦСКА.
Замир Усманов/Global Look PressАршавин смета дека од сите репрезентации кои се изборија за четвртфиналето, Русија има најмали шанси.
„Но, сѐ е можно. Ако Русија можеше да ја победи Шпанија, можеби ќе може и другите тимови. Мислам дека Хрватска е многу силен и сериозен противник и на руската репрезентација ќе ѝ биде тешко како и во натпреварот со Шпанците“, вели овој руски фудбалер.
Тој исто така ги оцени и руските фудбалери и особено ја нагласи улогата на голманот.
„Нема да ви откријам тајна ако кажам дека Акинфеев е најдобриот руски голман последниве 20 години. Фудбалерите се дисциплинирани, физички подготвени, а тука е и неверојатната поддршка од навивачите. Сето тоа овозможи Русија да дојде д четвртфиналето“, вели Аршавин. И додава дека би сакал светски шампиони да станат Русите или Бразилците.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче