И Роналдо и Меси се елиминирани од Светското првенство во фудбал

Слободан Ѓукиќ

Репрезентацијата на Уругвај во натпреварот од 1/8 финалето на Светското првенство во фудбал ја победи селекцијата на Португалија со 2:1. Во гранитно цврстата екипа на јужноамериканците блескаше Единсон Кавани кој даде два гола. Во второто полувреме овој играч поради повреда беше заменет. Во екипата на Португалија погодокот го постигна Пепе, додека Кристијано Роналдо беше потполно непрепознатлив.

Она што е посебно интересно е фактот што од понатамошното натпреварување испаднаа двајцата веројатно најдобри фудбалери на светот - Кристијано Роналдо, но и Лионел Меси, кој со својата Аргентина беше поразен од ефикасната Франција со 4:3.

Во петок, 6 јули, селекцијата на Уругвај во 1/4 финалето ќе игра токму против селекцијата на Франција.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња