Головин: Ќе настојуваме на Хрватите да им ја наметнеме нашата игра

Reuters

Во пресрет на натпреварот со репрезентацијата на Хрватска, која се игра во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал во Русија на олимпискиот стадион „Фишт“ во Сочи на 7 јули, еден од најдобрите руски фудбалери Александар Головин во разговор со порталот „Спорт експрес“ ги изнесе своите очекувања.

На новинарската констатација дека на шампионатот останаа осумте најдобри национални селекции и прашањето дали е за Русија можно сѐ, Головин рече дека избраниците на Станислав Черчесов и пред мечот против Шпанија верувале дека сѐ е можно.

„Сфативме дека можеме да дојдеме до финалето. И понатаму сериозно сметаме на тоа“, коментираше играчот за врска на руската репрезентација.

Голманот Игор Акинфеев, кој се прослави со одбраните на натпреварот против Шпанците, рече дека Головин во тој спектакуларен меч го шутирал пеналот со затворени очи.

„Сфатив дека сум многу уморен и дека не би имало смисла да целам. Затоа однапред решив да излезам и да шутирам на сила. Во некоја рака имав среќа, зашто Де Геа не успеа да се фрли навреме“, објасни рускиот репрезентативец Александар Головин.

Новинарот на порталот„Спорт експрес“, кој забележа дека на средбата со Шпанците акцентот бил на дефанзивата, го интересираше стратегијата на руската селекција во натпреварот против хрватската репрезентација.

„Сфативме дека Шпанците ја контролираат топката без оглед со кого играат, па затоа се одлучивме за таква шема, меѓутоа, против Хрватите мислам дека треба да појдеме од своите предности и да наметнеме игра“, рече Головин.

Новинарот уште забележа и дека рускиот играч е на мета на Италијанците и дека и самиот кажувал дека уште од детство го сака Јувентус, па го праша дали би сакал да игра таму. Головин одговори дека не размислува за тоа и дека сите негови мисли се фокусирани на руската репрезентација.

Прочитајте повеќе: Најдобриот хрватски голгетер во историјата признава дека Русија ги има сите шанси за победа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња