За некого Русија е и понатаму неосвоива: „Панцирите“ со наведнати глави се враќаат дома

Слободан Ѓукиќ

На Светското првенство во фудбал се случи првата голема сензација. Репрезентацијата на Германија, која ја брани титулата првак на светот освоена пред четири години во Бразил, испадна во групната фаза на натпреварувањето од вечерва одличната Јужна Кореја.

Овој ден на сите љубители на фудбалот им подари навистина несекојдневен меч. Репрезентацијата на Германија дозволи во решавачкиот меч да загуби од селекцијата на Јужна Кореја и по 80 години да се врати од турнирот како последно пласирана екипа во групата. Германските фудбалери се надеваа дека ќе успеат да ја поминат густо поставената корејска одбрана, која на моменти фанатично му одолеваше на светскиот првак. И тогаш уследи неверојатен шок. Во 90 минута, по еден корнер на Корејците и кобната грешна на германската одбрана, топката се најде во мрежата зад грбот на голманот Ноер. 1:0 за Кореја! Не поминаа неколку минути по шокантниот гол, а Кореја повторно ја зголеми својата предност на 2:0 и дефинитивно ја закова Германија на последното место во својата група.

Истовремено експлодираа трибините во Екатеринбуг каде што се наоѓаат мексиканските навивачи, кои стрепеа за пласманот на својата репрезентација во вториот круг, откако неочекувано загубија од селекцијата на Шведска со 3:0.

Репрезентацијата на Германија, која го освои СП-2014 во Бразил, стана четвртата шампионска репрезентација на последните пет турнири, која не се пласирала во наредната фаза на натпреварувањето.

Ни останува само да се надеваме дека овој ден ќе го задржи својот „волшебен“ карактер и дека и во следните два натпревара ќе ни донесе уште неочекувани изненадувања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња