Шпанија – Русија, стадион „Лужники“, Москва, Русија – 1 јули 2018. Рускиот голман Игор Акинфеев го брани пеналот што го изведе Шпанецот Коке.
Grigory Dukor/ReutersШпанија беше фаворит во овој меч, но Русите под раководство Станислав Черчесов со извонредна тактика и со големи напори успеаја да се изборат за нерешен резултат во регуларното време, кој го задржаа и во продолженијата.
Првиот гол го постигна Шпанија во 11 минута – топката нафрлена пред голот на Игор Акинфеев се одби од ногата на Сергеј Игнашевич кој во тој момент го загради Серхио Рамос и отиде во мрежата.
Русија изедначи пред крајот на првото полувреме, кога во казнениот простор на Шпанија по ударот на Ѕјуба со глава во 40 минута играше Пике, по што беше досуден пенал. Успешен егзекутор беше Артјом Ѕјуба. Нерешениот резултат од 1:1 остана до крајот на регуларниот дел од мечот, а потоа и во продолженијата.
Руската репрезентација дојде до победата со подобро изведување на ударите од 11 метри. Акинфеев одбрани два пенала, додека фудбалерите на Русија успеаја да го реализираат секој удар од белата точка.
Противникот на Русија во четвртфиналето ќе се знае по натпреварот меѓу Данска и Хрватска кој се игра вечерва во Сочи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче