Жена зад воланот на џиновски дампер БелАЗ смачка цистерна КамАЗ во Русија

dorogi_nk

Сообраќајната несреќа, која за среќа помина без човечки жртви, се случи на 18 мај на патот во рамките на претпријатието за производство на јаглен кај градот Кисељовск во Кемеровската област во Сибир.

Фотографијата од несреќата е снимена во копот Пољане. Триесетиосумгодишната жена, возач на тешко товарно возило БелАЗ, какви во Кузбас има многу, по полнењето на камионот со гориво и лош маневар, налета на цистерна. Сто и триесет тони тешкиот дампер ја смачка левата страна на кабината на камион „Камаз“, која во споредба со огромното возило личи на играчка. Сепак, возачот на КамАз-от помина за среќа без повреди.

Според пишувањето на руските медиуми, учесниците во несреќата се договориле пред да ја повикаат сообраќајната полиција, а жената-возач на БелАЗ-от е казнета со парична казна од 500 рубли поради „кршење на правилата за маневрирање“. Колку ќе чини ремонтот на КамАЗ-от не се знае, додека БелАЗ-от продолжува непречено да работи, затоа што има само неколку гребнатинки.

Прочитајте повеќе за дванаесетте величествени: Камионите со кои Русите се гордеат

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња