Дванаесетте величествени: Камионите со кои Русите се гордеат

Петрухин/Sputnik
Некои руски камиони се појавија како копии на западните возила, но најдобрите модели создадени на руска земја се надвор од секаква конкуренција!

1. АМО-Ф-15

Првиот советски камион се појави 1924 година врз база на италијанскиот FIAT 15 Ter. Малку подоцна се појави и првиот советски автобус со истиот назив и првото масовно произведено оклопно возило БА-27.

2. ГАЗ-АА

ГАЗ-АА од 1932 година во некоја мера е копија на американскиот Форд-АА. Произведени се речиси еден милион вакви камиони (околу 985 000), и беше најзастапениот камион во СССР во првата половина на 20 век.

3. ЗИС-5

Првиот советски камион кој масовно се произведуваше во 30-те години. Беше популарен и во други држави: Шпанији, Авганистан, Ирак, Романија... Во Втората светска војна ЗИС-5 беше главниот камион на советската армија како на фронтот, тако и во позадината.

4. ГАЗ-51

За речиси 30 години (1946-1975) се произведени 3481033 камиони и тоа беше најпопуларниот камион во Советскиот Сојуз до крајот на 70-те.

5. ЗИС-150

Кабината на ЗИС-150 потсетува на камионот К-7 на американската компанија International Harvester, но останатите делови ги осмислија советските инженери.

6. ЗИЛ-130

Еден од најуспешните и најпопуларни камиони во историјата на советската автомобилска индустрија. Издржливот и сигурен ЗИЛ-130 се произведуваше повеќе од половина век, од 1962 до 2014 година.

7. КрАЗ-255

Советски камион со шест тркала се користеше и во цивилни и во воени цели. Особено беше корисен за инженерските единици во поставувањето понтонски мостови.

8. ГАЗ-66

ГАЗ-66 е советскиот одговор на Унимог камиони на „Мерцедес“. Се разликуваше од другите домашни камиони по тоа што беше лесен.

9. КАМАЗ-5320

Првиот камион на КАМАЗ е најпопуларниот од сите возила на познатиот руски производите.

10. Урал-4320

За време на поплавата во Њу Орлеанс 2005 година, повеќето спасувачки одреди се движеа низ градот со камиони Урал-4320 со кои располагаше мексиканската морнаричка пешадија. Американските камиони не беа во состојба да возат по поплавени улици. 

11. БелАз-75501

БелАЗ-75501 произведен 1991 година беше најголемиот и последниот советски тегнач, со преку 6 метри висина, 15 метри должина и 8 метри ширина. Може да понесе 280 тони товар.

12. КАМАЗ-54901

Најновиот руски камион КАМАЗ-54901 позајми некои делови од камионот Actros на „Мерцедес“, но ќе биде 20% поевтин од германскиот.

Погледнете го новиот „билдер“ на КамАЗ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња