Пристигнува „елегантниот билдер“: Првата партија нови КАМАЗ-и од серијата К5 веќе во септември

КАМАЗ
Автомобилскиот концерн почна со поставување на монтажната линија и автоматизација на процесот на склопување на камионите.

Најголемиот руски производител на товарни возила КАМАЗ во септември ги склопува првите 20 камиони од новата серија К5, соопшти службата за односи со јавноста на државната корпорација „Ростех“, главниот акционер на оваа компанија.

„Во овој момент е завршено проектирањето на возилото. Автомобилскиот концерн почна со подготовки за производството во чиј склоп ќе биде автоматизирано производството и ќе биде воведен електронски технолошки процес“, се вели во соопштението.

Новиот камион кој беше претставен есента од КАМАЗ, а автомобилските магазини го нарекоа „елегантниот билдер“, во однос на претходникот се разликува по подобрената ергономија на возачкото место и кабината во целина, автоматскиот менувач и новиот мотор во рангот на најдобрите аналози во свет, како и со предната осовина со оптоварување од девет тони.

Групата КАМАЗ спаѓа во 20 водечки производители на тешки товарни возила, додека во Русија покрива 51 отсто од овој пазар. Компанијата исто така произведува приколки, автобуси и мотори. Државната корпорација Ростех контролира 49,9 отсто од КАМАЗ, a aкционери во компанијата се и „Автоинвест“ (23,54%), германскиот автомобилски концерн „Дајмлер“ (15%),  Финансиската-лизинг компанија КАМАЗ (3,72%), и други правни и физички лица (11,56%).

Во март оваа година КАМАЗ продаде во Русија преку 2700 камиони, што е за 47,8 отсто повеќе од претходната година.

Погледнете како изгледа новиот КамАЗ?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња