„Далеку на Исток, на територијата на Опоњското (се мисли на 'јапонското') царство постоела земја во којашто луѓето живеат на седумдесет големи и безброј мали острови. Со нив владеат патријарх и четири митрополити. Тие немаат световен суд. Со народите и на сите луѓе управуваат духовните власти“. Ова на почетокот на 19 век за Беловодје го пишувал Марк, монах од Топозерскиот манастир (во Архангелската губернија), кој наводно и самиот бил таму. Неговиот текст се викал „Патник или патоказ во Опоњското царство“.
Долина на реката Бухтарма. Првобитно територијата околу брегот на Бухтарма се нарекувала Беловодје.
Dmitry A. Mottl (CC BY-SA)Монахот ова место го опишал како вистински рај на земјата. Жителите на ова поднебје не убиваат и не крадат: „Таму нема пљачкања и кражби, и ништо што е спротивно на законот“. И иако „зимите се страшно студени, толку што земјата пука од мразот, а громовите и земјотресите се силни“, Беловодје е сепак богато и плодно. „Има секаков вид земски плодови: раѓа грозје и сорочинско просо (ориз0“, „имаат изобилство од злато и сребро, и многу скапоцени камења и скапи перли“. Беловодје е затворена земја и со никого не војува. „Опоњците никого не пуштаат во својата земја и не водат војна со никого“.
Долниот тек на реката Катун
Malupasic (CC BY-SA)Беловодје го населиле прогонетите верници. Според монахот Марк, го освоите христијаните Асирци, кои бегале „од прогонот на римските еретици“. „Многу луѓе заминале со бродови по Северниот леден океан и по копно“, и потоа во Беловодје „имале 170 асирски цркви“. За да останат во Беловодје, сите што дошле морале повторно да се покрстат, но потоа им било забрането да заминат. Марк пишува дека тоа тој не го направил, но дека „двајца монаси кои биле со мене се согласија да останат засекогаш и го примиле светото крштевање“.
Легендата за Беловодје најверојатно се појавила во втората половина на 18 век меѓу руските староверци од разни групации и „струи“, но се пренесувала усно. Во дел од „Патникот“ запишана е само една варијанта на преданието. Покровителот на аџиите Пјотр Кирилов и монахот Јосиф кои се споменуваат во текстот навистина постоеле и живееле во алтајските села на староверците во почетокот на 19 век. Називот „Беловодје“ е исто така поврзан за определен географски простор.
Устието на реките Бухтарме и Барел
alt-fox (CC BY-SA)По црковните реформи на патријархот Никон во втората половина на 17 век коишто довеле до раскол во Руската православна црква, старообредниците не сакале да бидат заедно со „никонијанците“ (поддржувачите на Никон), па заминале во различни краишта на Русија. Најогорчените заминале зад Сибирските утврдени линии, изградени за заштита од номадите – далеку зад денешен Новокузнецк и Семипалатинск, и уште подалеку на Алтај.
Русите што кои населиле овој непристапен терен по должината на реката Бухтарма и во Ујмонската степа на Алтај добиле назив „каменари“, зашто во тогашниот јазик зборот „камен“ се користел и за планина. „Каменарите“ најголем дел биле староверци од Нижни Новгород, но на нивната заедница им се приклучувале и иселеници од различни краишта коишто стасале во долината на реката Бухтарма.
„Каменари“, староверци од Алтај
© Е. Э. Бломквист, Н. П. Гринкова, 1927гОваа област започнала да се населува во текот на дваесеттите години од 18 век. Таму навистина немало официјална власт зашто подрачјето се наоѓало помеѓу Русија и Кина, а во тоа време границата не била јасно дефинирана. Жителите се занимавале со лов, со земјоделство, риболов и со производство на мед, а стоката ја разменувале со соседите – Казахстанците, Алтајците и Кинезите. Кога во текот на деведесеттите години започнало припојувањето на Бухтарминската област кон Русија и воведувањето данок, таму имало 17 населени места.
На почетокот на 19 век повеќе не постоела самоуправа („вольница“) на жителите на брегот на Бухтарма. Од 1791 година дел од жителите влегле во состав на Руската Империја со статус „инородни“, односно неруски народи. Тие плаќале „јасак“ (данок во крзно) и биле ослободени од воена обврска и од задолжителна работа. Но, ваквата состојба траела само пет години. Од 1796 година сите жители по должината на Бухтарма започнале да плаќаат данок во пари. Поради тоа многумина заминале понатаму на исток и на север, на реката Аргут и Катуљ.
„Каменари“, староверци од Алтај
© Е. Э. Бломквист, Н. П. Гринкова, 1927гЗначи, „Беловодје“ постоело и излегува дека легендата е вистинита! Фактот што до сливот на реката Бухтарма можело да се стаса, и некому во 18 век тоа му тргнало од рака. Зошто тогаш и понатаму се трагало по ова место?
Кога кон крајот на 18 век во земјата на „каменарите“ дошла царската власт, најжестоките од нив се повлекле уште подалеку на исток и повторно исчезнале во планините. Изгледа дека ова „излегување“ дало нов живот на легендата. Впрочем, дури и иако некој стасал до брегот на Бухтарма, ова место повеќе не се третирало како „вистинско“ Беловодје зашто во него веќе постоеле и даноци и световна власт. Значи, требало да се трага понатаму.
Поради тоа во 19 век легендата за Беловодје станала уште попопуларна со помош на „Патникот“, споменатото дело што се ширело во ракопис.
На шефот на полицијата во Томск во 1807 година му се јавил селанецот Дементиј Бобиљов и му рекол дека знае голема тајна што ќе ја открие само во Москва. Кога го однеле во Москва Бобиљов раскажал дека бил во Беловодје и дека може да покаже каде се наоѓа тоа. И дека таму живеат неколку стотини илјади луѓе кои треба да се направат граѓани на Империјата. Бобиљов за информацијата од власта добил 150 рубли во златио, ветил дека ќе учествува во експедицијата, но со парите исчезнал без трага.
„Каменари“, староверци од Алтај
© Е. Э. Бломквист, Н. П. Гринкова, 1927гОва е една приказна, а ги има повеќе. Во текот на 19 век во потрага по Беловодје во Сибир заминале група селани од Пермската, Оренбуршката и Нижегородската губернија. Трагале главно во шумите северно од Томск. Во текот на четириесеттите години од минатиот век, дел од алтајските „каменари“ заминале во Кина за таму да го бараат Беловодје, а некои го барале и во денешната Република Тува.
Во текот на седумдесеттите и на деведесеттите години од 19 век авантуристот Антон Пикуљски ги прелажувал староверците од Далечниот Исток, претставувајќи се како архиереј Аркадиј Беловодски и убедувајќи ги дека тој е вистински древен православен свештеник и дека е ракоположен токму во Беловодје.
Легендата е позната до денешен ден, но современите истражувачи беа многу изненадени кога ги интервјуираа староверците во Приморје, потомците на бухтарминските „каменари“. Ги зачудило тоа што легендата е сѐ уште жива, но уште повеќе ги фрапирал фактот што потомците на „каменарите“ раскажуваат за Беловодје како за „праведна и побожна земја, но зборуваа за тоа со очигледен скептицизам“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче