Првото успешно киднапирање на авион во СССР

AP
Пранас Бразинскас одлежа за убиство на 19-годишна стјуардеса само две години затвор и уште толку помина во домашен притвор.

На 15 октомври 1970 година патнички авион Ан-24Б со 46 патници полета од Батуми за Сухуми. Само десет минути по полетувањето, патник облечен во воена униформа ја повика стјуардесата, ѝ покажа пиштол и ѝ нареди да им каже на пилотите да ја сменат маршрутата и да полетаат за Турција.

Киднапираниот авион во Трабзон, 16 октомври 1970.

Киднапер беше 45-годишниот Литванец Пранас Бразинскас, претходно осудуван за кражба на државен имот и финансиски махинации. Во авионот се качи со својот 15-годишен син Алгирдас. Терористите успеаја да внесат во авионот пиштоли, пушка и рачна бомба.

Пранас Бразинскас

Стјуардесата Надежда Курченко одби да го исполни барањето на терористите и се обиде да ги спречи да влезат во пилотската кабина. Пранас ја уби деветнаесетгодишната девојка на лице место.

Надежда Кучеренко

Потоа таткото и синот почнаа да пукаат во патниците и членовите на екипажот. Беа ранети првиот пилот, навигаторот и еден патник.

Ранетиот пилот Георгиј Чахракија

Копилотот мораше да ја смени маршрутата и да одлета за Турција, каде терористите мирно им се предадоа на локалните власти, кои пак не ги екстрадираа во Советскиот Сојуз. Против екстрадиција на терористи во Советскиот Сојуз беа и властите на САД.

Пранас Бразинскас ден по киднапирањето на авионот, 16 октомври 1970.

Пранас Бразинскас на судењето се претставуваше како антисоветски „партизан“ од Литванија. Беше осуден на 8 години затвор, но по четири години беше пуштен на слобода. Малолетниот Алгирдас беше осуден на две години затвор. По ослободувањето, таткото и синот се преселија во Америка.

Алгирдас Бразинскас

Алгирдас целосно се приспособи на новиот живот, а со текот на времето Пранас почна да боледува од параноја. Во февруари 2002 година, синот го уби 77-годишниот татко со неколку удари со тег по главата. Пред судот рече дека тоа било самоодбрана, бидејќи, наводно, Пранас сакал да го убие мислејќи го за агент на КГБ. Алгирдас беше осуден на 16 години затвор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња