Во очај идниот нобеловец Јосиф Бродски планирал да киднапира авион, но за таа цел требало да удри пилотот, а поетот, бидејќи е хуманист, се откажал од својот план. И покрај сè, се наоѓаат и такви кои биле подготвени да го ризикуваат сопствениот и животите на другите луѓе.
Аљона Репкина
На 10 април 1970 година крајбрежната стража на Њујорк добива сигнал за несреќа од советски рибарски брод. Излегува дека 25-годишната келнерка на бродот има акутно труење. Но, се разбира дека Латвијката Дајна Палена намерно проголтала огромна доза лекови за спиење за да се добие шанса да остане во САД. 10 дена Дајна била лекувана од американски лекари под надзор на соработници на советската амбасада, но кога се обиделе да ја пренесат во руска болница, таа побарала азил. Келнерката изјавила дека „во Латвија тајните служби ги следат луѓето, за да знае владата што мислат“. Покрај тоа, таа додава дека граѓаните немаат право да организираат демонстрации и да изразуваат мислење, што е во спротивност со официјалната идеологија.
Како завршува сето ова: многумина се сомневаат во сериозноста на мотивите на Дајна, но нејзината подготвеност да го ризикува својот живот ги импресионира Американците - 18 дена по труењето, на Палена ѝ е даден азил. Таа започнува да работи во супермаркет во Њу Џерси.
Аљона Репкина
Литванецот Пранас Бразинскас и неговиот син, 15-годишниот Алгирдас, успеваат да го грабнат патничкиот авион Ан-24, кој на 15 октомври 1970 полетал од Батуми за Сухуми. Терористите успеале да пренесат во авионот огнено оружје и рачна граната, а по полетувањето ѝ наредиле на стјуардесата да им предаде на пилотите белешка потпишана од „генерал Крилов“. Во неа тие наредуваат летот да го промени правецот. Младата жена почнала да тревожи и била застрелана, биле повредени и други членови на екипажот. Вториот пилот морал да го смени курсот во насока на Турција, каде терористите мирно се предале на локалните власти, кои одлучиле да не ги враќаат на СССР. Бразинскас постариот тврдел дека се одлучил на овој очајничка чекор поради страв од репресија.
Како завршува сè: изјавите на Бразинскас го привлекоа вниманието на западните политичари, затоа пресудата била минимална - таткото добил 8 години затвор, а синот - 2. По неколку години Пранас добил амнестија, а во 1976 година семејството се преселило во Калифорнија, веќе со нови имиња - Франк и Алберт Вајт. Алгирдас успеал целосно да се прилагоди на новиот живот, но паранојата на Пранас се продлабочува. Во февруари 2002 година синот го убил својот 77-годишен татко со неколку удари со тег по главата. На суд тој тврдел дека тоа било во самоодбрана – наводно Пранас мислел дека тој е агент на КГБ и се обидел да го застрела. Алгирдас беше осуден на 16 години затвор.
Аљона Репкина
Океанографот Станислав Курилов имал огромна желба да учествува во меѓународни експедиции (дури имал договор со Жак Кусто), но не го пуштале. Очаен Курилов смислил план - да тргне на патување со советски брод и да избега. Бродот не влегувал на странски пристаништа, а курсот го знаеле само членовите на екипажот, затоа научникот требал тајно да влезе во контролната соба, за да ги открие координатите.
Во ноќта на бегството на 13 декември 1974 година имало силна бура. Поради специфичната форма на бродот било невозможно да се скокне од страничниот раб, затоа морало од задниот дел на бродот, постоел ризик да се најде во перките на пропелерот. Откако скокнал, Курилов поминал во водата речиси три деноноќија без спиење, вода и храна. Но, неговата одлична физичка форма и десет години вежбање јога (океанографот ја изучувал уште како студент според публикациите на „самиздат“) му помогнале да се справи. Откако препливал речиси 100 километри, тој стигнал до својата цел - филипинскиот остров Сијаргао.
Како завршува сè: Курилов поминал половина година во локален затвор за бегалци, а потоа бил депортиран во Канада, кај сестра си. Тој ги исполнил своите соништа и зел учество во многу научни експедиции на различни места - од Арктикот до Хаваите. Во јануари 1998 година загинал за време на нуркачките активности во Галилејското езеро – се заплеткал во рибарски мрежи.
Аљона Репкина
18-годишната Лили Гасинска работела на бродот „Леонид Собинов“, кој пловел кон Австралија. На 14 јануари 1979 година, додека патниците се веселеле на забавата, таа се провлекла низ отворот и незабележано скокнала во водата. Лили била облечена само во црвен костим за капење, а за да доплива до австралискиот брег, ѝ биле потребни 40 минути. Советските тајни служби итно почнале да трагаат по Гасинска, но новинарите од локалниот весник Daily Mirror ја скриеле, како замена побарале од неа интервју и фотосесија (за да ги измамат гонителите, првично организирале лажното интервју - со службеничка на весникот). Девојката признала дека одлучила да ја посети Австралија, откако се заљубила во неа од преубавите пејзажи, објавени во едно списание. Властите ѝ дале азил и тоа предизвикало огромен скандал, бидејќи многумина бегалци од Виетнам, кои биле многу понесреќни, не добиле таква шанса, бидејќи не биле толку убави како „девојката со црвеното бикини“.
Како завршува сè: Лилит се омажила за фотографот Греам Флечер, се сликала за списанието Penthouse за 15.000 долари, станала го-го танчарка, снимала серии. Во 1984 година склучила брак со австралискиот милионер Јан Хејсан и почнала бизнис со козметика, но по неколку години се разведуваат. Потоа Лилит се преселила во Англија и исчезнуваа од „радарите“ на медиумите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче