Дали вотката ја измислил рускиот хемичар Менделеев?

Russia Beyond (Photo: Legion Media; Sputnik)
Се верува дека големиот руски хемичар толку многу ја сакал водката што применил научен метод при нејзиното создавање. Но, дали е ова вистина?

Докторската теза на Дмитриј Менделеев „За комбинацијата на алкохол и вода“ (1865) првично немала никаква врска со вотката. Научникот се обидувал да ја открие причината за намалувањето на количината на течноста кога се мешаат еднакви делови на алкохол и вода. Зошто тогаш сè уште се верува дека тој вмешал прсти во создавањето на познатиот руски пијалак?

Кој е Менделеев? 

Големиот руски научник Дмитриј Менделеев стана светски познат како творец на „Периодниот систем на хемиски елементи“ (1869) или, на уште попознатата „Системот на Менделеев“. 

Дмитриј Менделеев

Тој го откри периодниот закон и создаде табела која ги вклучува сите познати елементи, нивните хемиски и физички својства и исто така овозможува да се разбере врската меѓу нив. Научниците сè уште ја користат во својата работа до ден-денес, но таа е толку едноставна и јасна што табелата се проучува и на училиште.

Меѓутоа, пред тоа, избирајќи тема за својата докторска дисертација, тој решил да го проучи феноменот која сè уште никој не го објаснил.

Никој не можел да разбере зошто волуменот на течноста е под почетната количина кога се мешаат еднакви делови од алкохол и вода. Накратко, научникот открил дека молекулите на алкохолот и водата стапуваат во интеракција и дека молекулите на водата го исполнуваат просторот помеѓу молекулите на алкохолот - научно тоа се нарекува „контракција“ и затоа конечниот волумен е помал од првичните одвоени примарни.

Едноставно кажано, Менделеев се вклучил во научното проучување на правилното производство на вотка. Меѓутоа, според неговите биографи, Менделеев не пиел ништо освен суво црвено вино и велел: „Вкусот на алкохолот го знам само како хемичар, како и вкусот на кој било друг отров“.

Портрет на Дмитриј Менделеев, дело на Николај Јарошенко, 1886.

Од каде доаѓа овој мит? 

Вотката постои во Русија отприлика од XIV век. До денес ниеден историчар не може да ја каже точната година на пронајдокот на вотката. Се викала „лебно вино“, полугар, горелка, пеник - вотката била доста популарен домашен пијалак. Меѓутоа, проблемот бил во тоа што различни пијалаци се нарекувале вотка.

Во 1894 година официјалните лица одлучиле да го стават производството на вотка под строга контрола и да воспостават нов монопол. Дури и кога вотката всушност се правела со мешање на алкохол и вода, се поставувало прашањето колкава треба да биде правилната пропорција.

Инженерот-хемичар Дија Тимохина ги направи оригиналните видови вотка „Празнична“, „Колос“, „Бородинска“. 1968 година.

Традиционално, вотката се правела со 50% алкохол и 50% вода - таквата мешавина резултирала со алкохолна јачина од 41%-42% вол. Во пракса, дури ни оваа пропорција не била почитувана, а јачината на добиениот алкохолен пијалак можела да варира многу.

Но, познавачите на вотката дошле до заклучок дека најдобрата јачина на вотката во смисла на нејзиниот ефект врз човекот треба да биде точно 40% вол.

Но, како да се постигне тоа? И тука доаѓа Менделеев. За да направат вотка со точно 40% волумен, производителите го примениле неговото откритие. Наместо да мешаат одредени количини, тие почнале да ги мерат состојките - на тој начин процесот на контракција не ја нарушил содржината на алкохол. Оваа мешавина е патентирана како „Московска специјална вотка“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња