Операција „Брилијант“: како пред 55 години ирачки дезертер краде МиГ-21 за Израел

Bukvoed/wikimedia.org
Кон средината на август 1966 година од Ирак е украден нов советски ловец МиГ-21. Нарачател е Израел, кој сака да го проучи супертајниот модел на тогашната модерна машина. Тоа е голем успех и важен настан во историјата на „Мосад“.

Во април 1965 година командантот на израелското Воено воздухопловство генерал Езер Вајцман се обраќа до шефот на „Мосад“ Меир Амит со предлог да се грабне новиот во тоа време нов авион МиГ-21.

Работата е во тоа што Советскиот Сојуз им го испорачува МиГ-21 на арапските земји. И дадените ловци уште пред 1963 година влегуваат во состав на нивните воздухопловни сили. Израел е заинтересиран да добие информации за тајните авиони.

Првите два обиди за кражба завршуваат безуспешно. Еден пилот е предаден од агент, а вториот пристигннува со друг авион.

И тогаш решаваат да се потпрат на пилот-немуслиман. Се покажува дека тоа е вистинската одлука. Ирачкиот Евреин Јосиф Максур ја контактира израелската амбасада во Париз. Тој е слуга во христијанско-асирското семејство Редфа. Еден од членовите на семејството - Мунир Редфа (32) - е еден од најдобрите пилоти на ирачкото Воено воздухопловство кои пилотираат со МиГ-21. Бидејќи во тоа време започнува прогонот на христијаните во Ирак, семејството на Редфа планира да си замине. И тоа е причината зошто Мунир Редфа се решава на таков радикален потег.

Му ветуваат голема награда и безбедност за неговото семејство. Редфа се согласува и се договараат сите детали на операцијата. Во писмената преписка помеѓу пилотот и „Мосад“ авионот е со кодно име „Брилијант“. Така ја нарекуваат и целата операција.

На 15 август 1966 година (во други извори се споменува 16 август), Мунир Редфа пристигнува во Израел од Ирак со МиГ-21. Така земјата се здобива со супертајниот авион. Со него спроведуваат тестови за летање. Потоа го испраќаат во САД, каде што е детално проучен.

Подоцна МиГ-21 се враќа во Израел. Денес е изложен во музејот на Военото воздухопловство на земјата. За Израел во тоа време е важно да се запознае со тактичко-техничките карактеристики на авионот и токму тоа им помага во Шестдневната војна.

Самиот пилот добива 500 000 англиски фунти стерлинг. Потоа лета со авиони за една нафтена компанија. Три години подоцна заминува во една од земјите во Западна Европа, каде умира во 1998 година, пишува „Росијскаја газета“.

Прочитајте повеќе за операцијата „Врв на надеж“: На какви жртви беше подготвена ЦИА за да украде советски хеликоптер Ми-25

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња