Операција „Врв на надеж“: На какви жртви беше подготвена ЦИА за да украде советски хеликоптер Ми-25

US Army/wikipedia.org
Советската воена техника беше многу ценета надвор од границите на СССР, но не и достапна за сите. Во јуни 1988 година ЦИА успеа кришум да извлече воен хеликоптер Ми-25 од советско производство од Чад. Леталото го напуштија пилотите на Военото воздухопловство на Либија во авиобазата Уади-Дум во текот на војната со Чад. Подготовката на припадниците на американскиот 160 воздухопловен полк за специјална намена за оваа операција траеше неколку месеци.

Пентагон се заинтересира за извозната варијанта на Ми-25 поради неговите исклучителни карактеристики и моќното вооружување.

„Моделот Hind-D беше многу интересен за САД, затоа што во тоа време тоа беше најтешкиот борбен хеликоптер и имаше можности за кои американските пилоти можеа само да сонуваат“, пишува интернет-изданието War is Boring.

Меѓу другото, покрај своето моќно и разновидно оружје, советскиот хеликоптер можеше да носи осум војници во посебна кабина, Американското разузнавање исто така беше заинтересирано за уникатниот оклоп на Ми-25.

Властите на Чад ѝ одобрија на ЦИА да изведе тајна операција, но не ѝ гарантираа безбедност. Се работи за тоа дека либиските сили сè уште беа активни на тоа подрачје. Покрај тоа, предавањето на хеликоптер на Американците можеше да предизвика дипломатски скандал.

Престојот на американските војници во Чад беше ограничен на 67 часа. Во операцијата наречена „Врв на надеж“ учествуваа два американски хеликоптери MH-47, два авиони С-130 Hercules и транспортен авион C-5 Galaxy, како и 75 војници. Од воздух ги покриваа француски ловци Mirage F1.

Подготовката на припадниците на американскиот 160 воздухопловен полк за специјална намена за оваа операција траеше неколку месеци. Операцијата започна на 10 јуни 1988 година. Кога пристигнаа во Африка, и покрај песочната бура, американските хеликоптери во текот на ноќта поминаа 490 наутички милји (907 километри). Американските војници ги отстранија пропелерите и другата опрема од хеликоптерот Ми-25, а потоа на надворешен носач го транспортираа на аеродромот главниот град на Чад Нџамена. Оттаму Ми-25 беше префрлен во САД.

Ми-25, извозната варијанта на хеликоптерот Ми-24Д, беше наменет за држави кои не беа членки на Варшавскиот пакт: Авганистан, Алжир, Ангола, Индија, Ирак, Камбоџа, Северна Кореја, Етиопија, Куба, Либија, Никарагва, Перу, Јемен, Сирија и Виетнам.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња