Четири советски оружја кои на Хитлер му ја разбиле илузијата за победа на Источниот фронт

Су-152 или „Зверобој“

Су-152 или „Зверобој“

Слободан Ѓукиќ
На почетокот на август 1943 година Државниот комитет за одбрана на СССР донел одлука Црвената армија да се опреми со нови типови оклопна и артилериска борбена техника која можела да им парира на германските „грдотии“ кои се појавиле на полињата околу Курск.

Во единиците на првата линија на фронтот се најдоа оружја како што се тешкиот тенк ИС-1, влечната хаубица со калибар од 152.4 милиметри Д-1, самоодните оружја СУ-122 и СУ-172. Новите типови советска оклопна техника во голема мера ја намалиле дотогашната доминација што ја прикажале германските тенкови како што се Pz.Kpfw.VI „Tiger“, PzKpfw V „Panther“ и Sd.Kfz.184 „Ferdinand“ што особено се демонстрираше во периодот јули-1вгуст 1943 година кога се изведуваше големата Курска битка. Појавувањето на новите германски оклопни средства кои според новото на примена на заштитата и на силите на основните топови во голема мера ги надминуваа советските тенкови, наложуваше итна модернизација на борбената техника. Со новите оклопни „аждери“ Црвената армија можеше да влезе во директен фронтален судир со германските тенковски дивизии, без да ја користи дотогашната тактика на континуирани дејствија од заседа и бесконечни вкопување на првата линија на фронтот која во голема мета ги исцрпуваше советските тенковски екипажи.

ИС-1

ИС-1 со топ ДС-5 со калибар од 85 милиметри

ИС-1 (или ИС-85, назив што го има добиено по калибарот на основното оружје) претставува длабоко модернизирана верзија на советските тешки тенкови КВ-1 и КВ-1С кои беа практично неуништливи за германската противтенковска артилерија во првата година во Големата татковинска војна. Тестирањето на новиот тенк кој се изведуваше од 22 март до 19 април 1943 година беше завршено мошне успешно. Комисијата дојде до заклучок дека овој тенк, иако според масата е полесен од своите претходници, е значително поквалитетен која станува збор за цврстината на оклопната заштита и општата подвижност на боиштето.

ИС-1 (ИС-85) доби нов тој Д-5Т со калибар од 85 милиметри, кој поради својата посложена конструкција во однос на моделите на постарите тенковски топови се произведуваше во ограничени серии. Меѓутоа, неговите балистички способности беа навистина одлични. Имено, овој топ можеше да уништи германски тежок тенк Pz.Kpfw.VI „Tiger“ на оддалеченост од 1.000 метри, што за тогашните стандарди на пробојност кои ги имаа старите тенковски топови со калибар од 76 милиметри беше мислена именка.

Според советските извори поткалибарскиот проектил БР-36П можеше да пробие 140 милиметри хомогена челична плоча на оддалеченост од 500 метри. Со стандардната противоклопна муниција што ја имаше во својот асортиман, овие топови на растојание до 1.000 метри имаа пробојност на оклопот која во просек се движеше од 104 до 125 милиметри под агол од 90 степени. Меѓутоа, со оглед на тоа што поголемиот број тенкови почнаа да се прават со „искосена“ оклопна заштита, порелативна беше вредноста на пробојноста која се остваруваше под определен агол. Така стандардните противоклопни проектили БР-365 кои се наоѓаа во вооружувањето на топот Д-5Т имаа пробојност од околу 98 милиметри „закосен“ оклоп под агол од 30 степени на оддалеченост до 500 метри. На оддалеченост од 1.000 метри БР-365 имаше пробојност од 83-88 милиметри „закосен“ оклоп“.

Муниција за топот Д-5 со калибар од 85 милиметри

Во периодот јануари-март следната година овој топ стана интегрален дел и од модернизираните средни тенкови Т-35-85, кои според мислењето на бројни тенковски експерти како од Истокот, така и од Западот, претставува можеби и најдобриот тенк од Втората светска војна.

Треба да се спомене дека тешкиот тенк ИС-1 е зачетник на новото семејство советски тенкови, кои во релативно ограничена серија беа испорачани на оклопните единици на Црвената армија. Вкупно се произведени само 130 вакви тенкови, кои беа употребени во операцијата за ослободување на Украина која се одвиваше во периодот зима-пролет 1944 година. ИС-1 се покажа како сериозен противник во борбите со фамозните тенкови како што е Pz.Kpfw.VI „Tiger“ вооружени со топови KwK 36 L/56 со калибар од 88 милиметри. Неговата челна заштита имаше дебелина на оклопот од 120 милиметри под агол од 30 степени, што на овој тенк му овозможуваше да преживее директен удар од далечина од 500 метри. Меѓутоа, понатамошната модернизација на германските тенкови со нови типови муниција и со дополнителна оклопна заштита услови првата верзија на семејството ИС наскоро да стане недоволно ефикасна на боиштето. Веќе во ноември 1943 година во вооружувањето влезе модернизираната верзија на ИС-2 вооружена со уште посилен топ Д-25Т со калибар од 122 милиметри кој можеше да пробие и германски тешки тенкови како што е Pz.Kpfw. VI Ausf. B „Tiger II“.

Д-1

Влечна хаубица Д-1 со калибар од 152 милиметри

Силната хаубица Д-1 со калибар од 152 милиметри беше примена во вооружувањето како замена за мошне квалитетната, но сепак технички застарена тешка советска хаубица М-10 1938 која престана да се произведува уште есента 1941 година. Пред сè ова се однесуваше на габаритите на новата хаубица која беше полесна од М-10, и која можеше мошне поефикасно да се транспортира по различни делови на фронтот, кои често немаа пристапна комуникација. Исто така, преминот од маршова во борбена положба, како и подготовката на самата огнена положба беше мошне покус и поедноставен во однос на истата работа која мораше да се направи со хаубицата М-10. Нејзината вкупна експлоатација беше мошне поедноставна, особено техничкото одржување, ремонтот и останатите важни фактори кои влијаеја на нејзината борбена употребливост.

Хаубицата Д-1 активно започна да се употребува во завршната етапа на Големата татковинска војна во периодот од 1944 до 1945 година. Оружјето беше замислено како основно огнено средство на корпусната артилерија, со дострел до 12.400 метри. Со огнот од оваа хаубица ефикасно се уништуваше жива сила на непријателот како на отворен простор, така и во скривниците-фортификации, како што се бетонски бункери, забарикадирани станбени објекти претворени во огнени точки итн. Шрапнелно-разорниот проектил ОФ-530 покриваше простор од 2.100 метри квадратни. Борбеното дејство на гелерот изнесуваше до 70 метри, а експлозијата на гранатата во земјата создаваше кратер со пречник од 3.5 метри и длабочина од 1.2 метри. Благодарение на својата мобилност, оваа хаубица особено се истакна за време на изведувањето „контрабатирања“ по непријателските позиции кои се наоѓаа во поблиската тактичка длабочина на фронтот. Покрај живата сила, Д-1 успешно можеше да се користи и за уништување на непријателска оклопна техника (тенкови и самоодни оружја) со употреба на специјален тип граната која служеше за уривање на армирано-бетонски објекти. Овој тип гранати можеа да пробијат армирано-бетонска плоча со дебелина од 1.140 милиметри. Советските артилерци кај оваа хаубица мошне ја ценеа нејзината прецизност, големата разорна моќ на гранатата, но и едноставноста за време на експлоатацијата и на одржувањето.

Во периодот од 1943 до 1945 година произведени се околу 800 вакви хаубици. Нејзиното производство траеше до1949 година, при што за шест години вкупно беа произведени 1.827 хаубици од овој тип. По завршувањето на Втората светска војна, голем број земји го набавија ова оружје за потребите на сопствените вооружени сили, како што се Кина, Авганистан, Унгарија, Ирак, Мозамбик, Сирија, Куба, Албанија и други.

Су-122

Су-122

Самоодното артилериско оружје СУ-122 формално влезе во вооружувањето на Црвената армија во август 1943 година, иако сериското производство започна уште во декември 1942 година. Причината за толкавото доцнење за време на неговото усвојување лежи во фактот што ова оружје имаше доста дополнителни подобрувања во текот на развојната фаза. СУ-122 е еден од првите развојни проекти на самоодни артилериски оружја кои влегоа во сериско производство. Неговото прво борбено учество се случи во февруари 1943 година во составот на оклопно-механизираните единици на 54 армија која се наоѓаше на Волховскиот фронт.

Основно вооружување на СУ-122 беше модификацијата на дивизиската влечна хаубица М-30/1938 со калибар од 122 милиметри. Меѓу стандардната влечна хаубица и нејзината самоодна модификација која беше интегрален дел на СУ-122 немаше некакви драстични разлики, освен механизмот за нишање и за наведување. Нејзиниот ефикасен дострел изнесуваше 3.6-8.0 километри и зависеше од видот на примената на муницијата. Да кажеме, нејзината кумулативна граната БП-460А можеше да пробие хомогена челична плоча со дебелина од 100 до 160 милиметри под агол од 90 степени. Значи, ова средство мошне успешно можеше да се користи против стандардните основни борбени тенкови на непријателот. Меѓутоа, за прецизен погодок од ова оружје беше неопходна вешт и ладнокрвен екипаж, зашто секое евентуално промашување го изложуваше СУ-122 и неговиот екипаж на голема опасност, со оглед на тоа што оклопот беше релативно слаб за модерните германски тенковски топови со калибар од 75/88 милиметри. Многу поголем успех ова оружје имаше за време на дејствието по непријателската жива сила и леснооклопените цели, како и артилериските позиции на непријателот, непосредно на првата линија на фронтот, но и во неговата тактичка длабочина. Значи, во огромен број случаи СУ-122 во напад се наоѓаше во вториот ешалон на тенковската група зад основните борбени тенкови, на кои има даваше огнена поддршка. Во одбранбените фази на битката ова оружје често се наоѓаше на заседните позиции.

За време на војната произведени се околу 650 СУ-122.

СУ-152

СУ-152

Тешкото самоодно артилериско оружје СУ-122 е направено врз база на тешкиот тенк КВ-1С. На него е монтиран оклопен корпус со силно основно вооружување кое се состоеше од хаубица МЛ-20С со ожлебена цевка со калибар од 152 милиметри. Според својата намена повеќе стануваше збор повеќе за класично офанзивно оружје за огнена поддршка, одошто за противтенковско средство. Возилото беше опремено со два нишани: панорамски за индиректен оган и телескопски за директен оган, кој се користеше почесто.

Називот „Зверобој“ не настанал самиот од себе. Самоодното средство за првпат дебитираше во најголемата тенковска битка на светот, Курската битка, која се одвиваше летото 1943 година. Иако вкупниот број вакви самоодни „ѕверови“ не ја надминуваше бројката од 24 единици, тие достојно го заслужија својот прекар. Од практично сите типови и видови советска оклопна техника која во тоа време се наоѓаше во вооружувањето на Црвената армија, само СУ-152 можеше рамноправно да се бори со новите и модернизирани германски тенкови и самоодни средства кога станува збор за поголеми растојанија.

На пример, тенковскиот екипаж кој се наоѓаше во СУ-152 со која командуваше мајорот Санковски (командир на една батерија на овие возила) за само еден ден од битката неутрализираше десет противнички тенкови. Групата од 24 СУ-152 кои учествуваа во Курската битка успеаја да уништат и тешко да оштетат 12 тешки германски тенкови од типот Pz.Kpfw. VI Ausf. B „Tiger II“.

Треба да се спомене дека стандардната муниција што ја употребуваше СУ-152, поточно основното вооружување на самоодното средство, хаубицата МК-20С со калибар од 152 милиметри, не секогаш го пробиваше оклопот на германските тешки тенкови. Но, затоа експлозијата од шрапнелно-разорната граната која ќе експлодираше во непосредна близина на тенкот, доведуваше до негово оштетување кои предизвикуваше привремено или трајно елиминирање од борбата. СУ-152 со масивен шрапнелно-експлозивно зрно беше одлично возило за поддршка на пешадијата. Експлозивното зрно од 152 милиметри можеше да ја уништи речиси секоја утврдена положба, а противоклопното зрно можеше да пробие најголем дела од германските тенкови. Меѓутоа, за директно гаѓање на толку прецизни цели како што се тенковите, на советското тешко самоодно средство му недостасуваше прецизност која беше генерално лоша во однос на оружјето за противтенковска намена. Исто така и брзината на испукувањето беше мошне мала (само 2 гранати во минута- за да може посериозно да се ангажира во масовни тенкови борби. Сепак, каде и да се појавеше СУ-152 внесуваше вистински хаос кај непријателот.

Во периодот од февруари 1943 до јануари 1944 година, произведени се вкупно 670 единици СУ-152.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња