Зошто советскиот топ калибар 45 мм го нарекуваа „Збогум татковино“?

Израиль Озерский/Sputnik
За артилерците на Црвената армија „саракапјáтката“ беше вистинска ноќна мора, а за партизаните идеално оружје!

Тоа беше главното противтенковско оружје на Црвената армија на почетокот на нацистичката инвазија врз СССР. Полуавтоматскиот 45-милиметарски модел од 1937 година најчесто го нарекуваа „саракапјáтка“, односно четириесет и петка.

Советите во 1941 година можеа да им спротивстават на нацистите околу 16000 вакви топови кои беа доволно храбри да се судрат со лесните тенкови Panzer I (Pzkpfw. I), Panzer II, средните Panzer III (Pzkpfw. III) па дури и со раните модели на тенковите Panzer IV (Pzkpfw. IV).

Според советскиот воен учебник, 45-милиметарскиот топ треба да ги гаѓа непријателот од 800 метри. Но, војната покажа дека најдобрата дистанца за уништување на германски тенк е сепак 500 метри.

Но, да го пуштат непријателот толку близу беше многу опасно за артилерците кои ги штитеше оклоп со дебелина од само 4,5 мм.

Toкму тоа беше причината зошто артилерците не сакаа да си имаат работа со четириесет и петката и зошто го нарекуваа топот „Збогум, татковино“!  

Советската команда правеше сé за да ги охрабри екипажите, војниците беа наградувани за секој уништен тенк. „Платата двојно поголема – животот двојно пократок“, се шегуваа црвеноармејците.

Но, во 1952 година лесните германски тенкови Panzer I и II беа заменети со подобро заштитени модели на кои четириесет и петката не им можеше ништо. Затоа и Црвената армија го замени својот топ со помоќните верзии М-42 и ЗиС-2. Производството на топот калибар 45 мм модел 1937 година беше запрено во 1943-та. Вкупно беа произведени 37000 примероци. Помодерниот топ со истиот калибар се произведуваше од 1942 до 1945 и беа направени речиси 11000 примероци.

Оружјето беше повлечено од фронтот, но партизаните не се откажаа од него. Топот беше одличен за нивните услови на војување. Беше лесен (само 550 кг), едноставен за маскирање и маневрирање и идеален за напад од заседа.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња