Советскиот водач Јосиф Сталин (1878-1953) со синот Василиј (1921-1962) и ќерката Светлана (1926-2011) во една од вилите на Сталин.
Getty ImagesОколу името на Сталин во Русија сѐ уште се води полемика. Едни сметаат дека тој бил херој и патриот, а други го колнат како параноичен злосторник. И едните и другите, меѓутоа, во целина се согласуваат дека на семејството на Сталин не му било лесно. Еве каква беше судбината на луѓето кои му беа најблиски.
Јаков Џугашвили (син) – стрелан во германско заробеништво
Првиот син на Сталин – Јаков Џугашвили – го заробија Германците. Не се врати жив од заробеништво. На сликата е опкружен со германски офицери.
Global Look PressСпоред „Биографијата на младиот Сталин“ што ја напиша Симон Монтефиоре, идниот владетел ја обожавал својата прва жена Като Сванидзе со која се оженил во Грузија 1906 и која 16 година подоцна починала од тифус. Тој бил неутешен, па дури и скокнал во гробот на закопот така што присутните едвај го извлекле.
Нивниот син Јаков, меѓутоа, не уживал во таквата љубов. Јаков е доведен во Москва 1921 година и веднаш го разочарал Сталин затоа што овој го третирал како слабак. Таткото и синот постојано биле во лоши односи. Јаков во 1925 година му рекол на татка си дека сака да се жени, но Сталин не му дозволил. Поради тоа Јаков сакал да изврши самоубиство, но успеал само да се повреди. Велат дека Сталин по тој повод сурово се пошегувал: „Ха, си промашил!“
Па сепак, по оваа епизода Сталин му дозволил на Јаков да си го живее животот. Кога Русија 1941 година влезе во војна, Јаков како артилериски офицер отиде во Црвената армија (под вистинското презиме на таткото), а по месец дена заврши во заробеништво, но одби да соработува со Германците.
Убиен е 1943 година додека бегал од чуварите. Историчарите тврдат дека тоа бил обид за бегство или за самоубиство. Сѐ уште не е јасно дали Сталин тажел по синот кого не го сакал многу.
Надежда Алилуева (втората жена) – извршила самоубиство
Надежда Алилуева (1901-1932), втората жена на Јосиф Сталин и мајка на неговите деца Василиј и Светлана.
Getty ImagesСталин се оженил со Надежда кога таа имала 18, а тој 39 години. Алилуева се вљубила во харизматичниот револуционер, а кога станала „прва дама“ на СССР, а нејзиниот маж ја грабнал целата власт во текот на 1920-те, Надежда се фокусирала на семејниот живот.
Ги воспитувала Јаков и своите деца Василиј и Светлана (1920 и 1926), како и нивниот посвоен син Артјом Сергеев. Но тој семеен живот не бил едноставен. Сталин и Надежда биле постојано во конфликт. Од друга страна, тие се и сакале, судејќи барем според нивната преписка. „Ќе ја бакнам мојата Татка (така Сталин ја нарекувал Надежда) многу сочно. Ваш Јосиф“, пишувал тој.
Не е јасно зошто Надежда извршила самоубиство 1932 година. Според зборовите на ќерката Светлана, не можела да ја поднесе бруталната политика на својот маж. „Таа беше несреќна и раздразлива, не можеше да ги искаже чувствата... а потоа нагло и силно ги искажа“.
Од друга страна, нивниот посвоен син Артјом Сергеев тврдел дека политиката нема никаква врска со оваа трагедија. Според неговото мислење, Надежда патела од неизлечива главоболка и повеќе не можела да трпи. Извршила самоубиство на 9 ноември. Сталин бил шокиран.
Василиј Сталин (син) – поминал 7 години во затвор
Василиј Сталин (лево) со татка си и сестра си. За разлика од Светлана, на Василиј не ми се допаѓала многу татковата нежност.
Getty ImagesКога Надежда извршила самоубиство, нејзиниот син Василиј имал само 12 години. По смртта на жена си, Сталин уште повеќе се фокусирал на политиката, речиси без да му посветува внимание на Василиј. „Лошо живеевме“, кратко подоцна изјавил синот на Сталин.
Кога останал сам, момчето почнало да пие, што подоцна го упропастило. Па сепак, бил талентиран пилот и ѝ служел на Татковината во Втората светска војна. Според зборовите на неговиот другар, пилотот Сергеј Долгушин, Василиј бил храбар и ревносен командир.
По војната, 1948 година, Василиј е назначен за командант на авијацијата на Московскиот воен округ и бил на таа должност до 1952 година, кога на еден банкет дошол многу пијан, што го разгневило неговиот татко. Сталин го сменил Василиј, а овој поради тоа почнал уште повеќе да пие.
По смртта на Сталин 1953 година, сѐ тргнало наопаку. По конфликтот со новото раководство, Василиј бил уапсен и поминал 7 години зад решетки како обичен заробеник. Кога излегол од затвор живеел уште една година. Умрел од труење со алкохол во 1962 година.
Светлана Алилуева (ќерка) – побегнала во Америка
Јосиф Сталин ја држи в раце ќерка си Светлана Алилуева. Таткото и ќерката биле блиски само во нејзиното детство.
AP„Отсекогаш сум ја мразела Советска Русија“, изјави во едно интервју ќерката на Сталин Светлана Алилуев. Не го сакала татка си. Додуша, ја паметела неговата нежност во детството, но никогаш не му простила што сакал целосно да ѝ го контролира животот.
Тој на Светлана ѝ одредил со која работа ќе се занимава, а згора на тоа, кога таа се вљубила во човек многу постар од неа, Сталин се налутил и го испратил „младоженецот“ во концентрационен логор на пет години. Тогаш односите меѓу таткото и ќерката конечно се расипале.
По смртта на Сталин Светлана сакала да ја напушти земјата. Кога четвртиот сопруг на Светлана, индискиот комунист Браџеш Синг, умрел 1966 година, ѝ било дозволено да ја посети Индија и да ја истури правта на мажот во реката Ганг. Таму побарала азил во амбасадата на САД, оставајќи ги Советскиот Сојуз и двете деца.
Најпознатиот советски азилант, Светлана Алилуева, на конференција за новинарите во Њујорк, САД.
AFPАлилуева живееше долго. Почина 2011 година. Ги објави своите мемоари во книгата „Сталиновите 20 писма до пријател“ и во други книги. Уште еднаш се омажи и роди ќерка (која сега живее во САД); но се чини дека сенката на Сталин ја следеше до крајот на животот. „Каде ѝ да тргнам секогаш ќе бидам политички затвореник на татковото име“, напиша Светлана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче