Советската принцеза и индискиот раџа: кого сакала ќерката на Сталин

Светлана Алилуева со својот татко и со својот брат. Извор: РИА Новости

Светлана Алилуева со својот татко и со својот брат. Извор: РИА Новости

Проектот за филмот за романсата на ќерката на Сталин со смртно болниот Индиец Бриџиш Син им беше претставен на руските продуценти на филмскиот фестивал во Кан и побуди интерес, како меѓу руските, така и меѓу индиските инвеститори.

Еден филм или една телевизиска серија не е доволна за биографијата на Светлана Алилуева, единствената ќерка на Сталин. Нејзиниот живот бил богат со авантури.. Ги менувала мажите како ракавици. Во 1966 година, кога имала четириесет години, бегала за Америка. Во Делхи побарала политички азил во САД. Таму објавила книга мемоари „Дваесет писма до пријателот“ и станала милионерка.

Извор: AFP / East News

Советската принцеза 

Највпечатливите епизоди од нејзиниот живот се односите со мажите. Во 1942 година, кога имала само 16 години, ѝ се случила бурна романса со познатиот филмски сценарист Алексеј Каплер, еден од авторите на познатиот филм во СССР „Ленин во Октомври“. Каплер бил постар од неа 12 години, а тоа на таткото на Светлана (семоќниот диктатор) не му се допаѓало. Згора на тоа Каплер бил Евреин, а Сталин бил антисемит, иако тоа го криел. Плус неговата ќерка не била ни полнолетна. Каплер најпрво бил пристојно предупреден да не се меша онаму каде што не му е местото, но не послушал, па затоа го испратиле во логор на пет години. 

Светлана се мажела двапати, но и брзо се развела. Меѓу нејзините романтични епизоди бил и познатиот писател и дисидент Андреј Сињавски. Алилуева дури и отишла кај неговата жена Марија Розанова и побарала да ѝ го предаде мажот. Но, Розанова, жена со натпросечен ум, која потоа била и издавач на магазинот Синтакса во Париз, нашла начин како тактично да ја одбие ќерката на Сталин. 

Индискиот раџа 

Во 1966 година Светлана емигрирала во САД. Тоа се случило во Индија, каде што допатувала на погреб на својот граѓански маж Бриџиш Син. На 6 март отишла во американската амбасада во Делхи и побарала политички азил. 

Човекот што одби да му пее на Сталин
Иван Козловски (1900 – 1993) – солист на Бољшој театар, легендарен оперски пејач, тенор. Ги пееше ариите на Ленски во Егениј Онегин, блажениот во Борис Годунов, царот Берендеј во Снежанка. Сè на сè 50 класични партии.

„Тоа е необична приказна за љубовта на кремљовската принцеза и за синот на индиски раџа“, вели Анастасија Перова, продуцентка на филмот „Светлана“. „Оваа приказна ја бев слушнала наспроти моето заминување на Indian Film Bazaar кој секоја година се одржува на Гоа. Им ја раскажав на колегите и видов дека индиските и европските продуценти се заинтересирани“. 

„Никој не знае што нашла таа во тој човек: ќелав, слаб, незграпен, со јарешка брада и, покрај сето тоа, мошне болен“, се присетува Владимир Семичастни, тогашен шеф на КГБ. Никој не можеше да сфати зошто на една таква советска жена ѝ е потребен смртно болен странец (имаше емфизем, тешка болест на белите дробови) кој е многу постар од неа. 

Бриџиш Син бил син на богат раџа, но ги напуштил индиските касти, откако станал комунист и емигрирал во Советскиот Сојуз, каде работел како преведувач во издаваштвото. „Се сретнавме во Москва во октомври 1963 година, благодарение на случајноста се најдовме во иста болница“, пишува Светлана Алилуева во книгата мемоари „Само една година“. 

Како Ромео и Јулија 

Бил многу образован, живеел во Европа пред да замине за СССР. За тоталитарниот Советски Сојуз таков духовно слободен интелектуалец бил вистинска реткост. Локалните интелектуалци во тоа време биле многу притиснати од страна на властите.

Извор: Getty images / fotobank

Решиле да живеат заедно. Но, биле одбиени бракот да им биде регистриран. Властите постојано внимавале на ќерката на Сталин. Нивната романска траела кратко, отпатувале на одмор во Сочи, а потоа Бриџиш морал да замине во Индија. Не го пуштиле назад во Советскиот Сојуз, измислувајќи разно-разни причини. 

По една и пол година сепак се вратил. Живееле заедно нешто повеќе од една година. Многу сакал да умре во својата татковина, но советските власти одбиле да ја пуштат Светлана заедно со него, плашејќи се дека може да дојде до провокации од страна на западните разузнавачки служби. Но, кога починал во Москва, ѝ дозволиле да го следи неговото тело. Тоа најверојатно се случило благодарение на тогашниот премиер Алексеј Косигин, сосед на Светлана во Домот на Набережнаја. Едноставно ѝ помогнал на сосетката.

Алилуева одлетала во Делхи, каде побарала политички азил. Но, била одбиена, Индија не сакала да ги расипува односите со СССР. Тогаш отишла во американската амбасада и побарала политички азил во САД. А, приказната за тоа како ја префрлиле во Америка преку Италија, спасувајќи ја од агентите на КГБ е материјал за уште еден филм – шпионски, со маскирање и со тајни станови.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.