Последниот ден на Сталин: 3 теории за неговото убиство

Кадар од филмот „Смртта на Сталин“ (2017) на Армандо Јанучи

Кадар од филмот „Смртта на Сталин“ (2017) на Армандо Јанучи

Free Range Films
Објавувањето на филмот „Смртта на Сталин“ предизвика интензивна дискусија за тоа во колкава мера операта бафа е соодветен жанр за оваа сериозна тема и повторно ги поставува прашањата за смртта на советскиот лидер. Уште сврзан со многу мистерии, субјектот е плодна почва за оние кои се сомневаат во официјалната верзија - природни причини. Russia Beyond ги наведува главните теории кои се обидуваат да го објаснат крајот на Сталин.
  1. Бесот на Сталин довел до мозочен удар 

Не треба да изненадува тоа што малкумина веруваат во официјалната верзија на смртта на Сталин на 5 март 1953 година. Всушност, идејата дека неговата смрт е поради нешто друго, а не од мозочен удар предизвикан од сериозна болест, потекнува од самиот Кремљ.

Историчарот Генадиј Костченко тврди дека Никита Хрушчов во 1956 година му кажал на еден француски новинар дека Сталин починал по „решителен демарш“ од група високи советски функционери кои му се спротивставувале, па дури и му се заканувале на советскиот лидер. 

Другарите на Сталин не биле задоволни од плановите да ги депортираат советските Евреи во Сибир, рекол Хрушчов. Ова се случило во времето на таканаречената „Лекарска завера“, чии жртви главно беа Евреи. 

Хрушчов не е единствениот што ги изнел овие тврдења. Како што укажува Костерченко, тие биле повторени од Советскиот писател Иљја Еренбург во разговор со францускиот филозоф Жан-Пол Сартр. Сепак, профилот на Еренбург има разнобојни детали и тој тврди дека откако наишол на жестоко противење на неговиот план, Сталин отворено им се заканувал на своите подредени. 

Меѓутоа, тие не биле заплашени и напротив се заканиле дека ќе ја повикаат војската во Кремљ ако Сталин не ја поништи својата одлука да ги протера Евреите. За да ја нагласат својата решеност, еден заговорник, Евреин, ја кине партиската книшка и му ја фрла во лице на советскиот лидер. Не можејќи да го истрпи ваквото понижување, Сталин добил мозочен удар и умрел. 

Никита Хрушчов и Јосиф Сталин, 1936 година

Може да се тврди дека во оваа приказна има исто толку историски вистини како и кај „Смртта на Сталин“ на Ијанучи. Историчарите се согласуваат дека нема никакви докази за какви било планови за депортирање на Евреите во личната архива на Сталин. Исто така, не е јасно дали Хрушчов повторно ја спомнал оваа приказна. Не се спомнуваат плановите за депортација во неговите мемоари кои беа објавени на Запад во седумдесеттите години од минатиот век. Приказната може да биде обид да се разубави сликата на наследникот на Сталин.

  1. Човекот со секира 

Други тврдат дека улогата на Никита Хрушчов не била ограничена само на бунтовен функционер, туку тој бил главниот „архитект“ на убиството на Сталин. Еднаш, Хрушчов дал изјава за јавноста која би можела да се земе како показател дека смртта на советскиот лидер била убиство со умисла. 

На јавен настан во јули 1964 година, додека ја поздравувал делегација од Унгарија, Хрушчов одеднаш почнал да зборува за Сталин и рекол: „Во човечката историја имало многу брутални диктатори, но сите тие починале од секира, исто како што и оние кои ја добиле власт со секира“. Во преписот на говор објавен во советските весници, овие зборови биле исфрлени.

Погребот на Јосиф Сталин. Меѓу официјалните лица се присутни Лаврентиј Берија и Никита Хрушчов

Некои, како историчарот Александар Н. Дугин, сметаат дека лицето со секирата бил самиот Хрушчов. Тој тврди дека непосредно пред неговата смрт Сталин сакал да ги разреши министерот за државна безбедност Семјон Игнатиев и неговиот покровител Хрушчов. Но, вторите одлучиле да дејствуваат и направиле заговор против Сталин. Заговорниците не само што го убиле Сталин туку и го убиле Лаврентиј Берија, моќниот претседател на советската тајна полиција. 

  1. Отруен од Берија

Лаврентиј Берија е уште еден популарен претендент за улогата на убиецот на Сталин. Како втора најмоќна личност во земјата, веројатно е Берија да се плашел од потенцијална чистка и од тоа дека може да биде една од нејзините главни цели. Значи, Берија прв удрил. 

Според книгата на историчарот Николај Добруха „Како бил убиен Сталин“ Берија го отрул Сталин. За ова, тој користел ретки отрови од змија или пајак. За да се потврди тврдењето дека шефот на безбедност стои зад смртта на Сталин, Добруха ги цитира зборовите на долгогодишниот министер за надворешни работи на Сталин, Вјачеслав Молотов, кој подоцна потсети дека по смртта на Сталин Берија забележал дека тој е оној „што ве спаси сите вас од Сталин“.

Смртта на Сталин веројатно нема да престане да биде прашање на шпекулации, но едно е сигурно – по добивањето информации за мозочниот удар на Сталин, службениците не побрзале да повикаат лекар. Уште еден чуден детаљ е тоа што официјално беше објавено дека Сталин имал мозочен удар во Кремљ, но всушност тоа се случило на неговата дача. Исто така, не е сè јасно во врска со медицинските извештаи во за неговата смрт. Оттука, мистеријата продолжува.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња