Чудната битка на Русија на реката Угра во 1480 г. води до независност на земјата и до појава на нова единица на европската политичка мапа.
Сергеј Кирилов/WikipediaСудирот кај Угра е најчудната битка, бидејќи таа не е борба во вистинската смисла на зборот, иако од двете страни се мобилизирани десетици илјади војници. Дури и во очите на своите современици, кои го виделе резултатот од неа, таа изгледа чудна и мистериозна како последица од божјата интервенција: вмешувањето на Дева Марија.
Во Русија битката е наречена Големиот отпор на единиците на големиот московски кнез Иван III и армијата на ханот на Великата Орда Ахмат. Традиционално овие настани се доживуваат како крајот на зависноста на Русија од Татарите која траела два и пол века.
Казнете го вазалот
Иван Велики го кине на парчиња писмото од ханот.
Алексеј Кившенко/WikipediaИако Татарите се разбиени од предокот на Иван III, Дмитриј Донски, 100 години пред Куликовската битка Русија сé уште треба да плаќа данок, бидејќи не е доволно силна за да ја предизвика моќта на ордата. Меѓутоа, во XV век, Златната Орда се распаѓа. Москва, која станува признат центар на претходната поделена руска земја, ја користи ситуацијата и за време на владеењето на Иван престанува да плаќа данок.
Непокорноста на Иван силно го разгневува ханот Ахмад - главата на најголемиот дел од распаднатата Златна Орда - Големата Орда. Тој одлучува да го казни предизвикувачкиот вазал, собира огромна армија од 80-90000 војници и се упатува кон Москва.
Непријатели од сите страни
Иван III почнува да се подготвува да одврати нова инвазија на Татарите, но сé повеќе е загрижен каков ќе биде исходот од овој судир. Тој е загрижен не само од бројноста на непријателската армија, ами и од сојузот на ханот Ахмад со непријателот на Иван - полско-литванскиот крал Казимир IV. Згора на тоа, двајцата браќа на Иван, влијателни феудалци, се креваат на бунт против него и сакаат поддршка од Казимир. И како тоа да не е доволно, на север витезите на Ливонскиот ред опсдуваат руски тврдини. На дел од најблиските советници на Иван не им се допаѓа идејата за конфронтирање со Ордата во овие околности и му препорачуваат на кнезот да склучи мир со Татарите. Иван се колеба.
„Не можете да избегате од судбината“
Казимир IV
Јан Матејко/WikipediaВо меѓувреме ханот Ахмад се приближува до реката Угра (околу 200 километри југозападно од Москва), загрозувајќи ја директно престолнината. Тука се среќаваат руските сили, предводени од големиот кнез Иван помладиот. Двете армии заземаат позиции на двата брега на реката.
Фактот што Казимир не брза да му се приклучи на ханот Ахмад му дава на Иван поголема увереност за изгледите од големата битка со Татарите. Тој му заповеда на својот син да ја напушти армијата и да оди кај него во Москва, каде што е формиран специјален совет, кој решава какви активности ќе преземе Москва. Колку и да е изненадувачки за Иван III, кој е надмоќен владетел, неговиот син се осмелува да ја игнорира наредбата, покажувајќи дека за него и неговата армија има само една опција: да се борат.
Се зборува дека во оваа ситуација обичните луѓе во Москва го повикуваат принцот да се бори со напаѓачот. Духовниот водач на Иван, архиепископот Василиј, исто така, трогателно се обраќа до владетелот на Москва. „Дали смртниците треба да се плашат од смртта? Од судбината не можеш да избегаш. Јас сум стар и слаб, но нема да се плашам од татарскиот меч, нема да го свртам лицето од неговиот блесок“, му вели свештеникот на Иван. Историчарот Николај Борисов истакнува дека ако Иван се откажел од дејствијата, тоа би го ставило во сложена и најсрамна положба. Така на почетокот на октомври, принцот оди во својата војска, токму на време.
Артилерија и аркебузи
На 6 октомври армијата на Ахмат прави обид да ја премине реката која не е поширока од 120-140 метри. Битката се протега по целата линија на фронтот, кој е долга 60 километри. Обидите за преминување на реката траат четири дена и на крајот завршуваат со целосен неуспех. Татарите не можат да ја искористат својата главна предност - коњицата, бидејќи тие не ја преминале реката. Но, додека се борат да ја преминат, тие се жртви на рускиот артилериски оган и аркебузите.
Руските команданти формираат специјални групи од пешадијци со орудија и аркебузи кои се поставуваат на местата погодни за премин. Другите полкови и коњицата биле испратени долж реката за да можат да се движат таму каде што е потребно. Татарите, исто така, не можат да користат стрели бидејќи не се ефикасни на таква оддалеченост. Значи, војниците на Ахмад се лесна цел во водата. Како што истакнува современиот историчар Алексеев, Ахмад не ги спасува војниците, бидејќи се обидува да ја премине Угра, и сè е залудно.
Отпорот продолжува до 26 октомври, кога Иван III ги повлекува своите сили од реката и ги концентрира околу блискиот град. Реката замрзнува и повеќе не може да се користи како бариера. Ахмад сепак останува на Угра до 6 ноември и потоа... се враќа назад, бидејќи не е подготвен да ги продолжи борбите во зимски услови.
Освен влијанието на „генералот Студ“, на Угра има нова руска армија, како што забележува Алексеев. Ахмад мора да се придржува кон тоа. Армијата има силна вертикална команда. Тоа не е армија на кнежевство, ами на нова централизирана држава, во која се претвора московското кнежевство за време на владеењето на Иван III. Конечно, како што забележува добриот старомоден Маркс пред 150 години, „Европа, која на почетокот на владеењето на Иван знае малку за Московија, притисната меѓу Литванците и Татарите, е запрепастена од ненадејната појава на огромна империја на своите источни граници“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче