Наполеон гледа како гори Москва. Септември1812.
Mary Evans Picture Library/Global Look PressНа 13 септември 1812 година во една дрвена куќичка во подмосковното село Фили се собрале десетина високи чиновници. Се договарале за тоа дали ќе му дозволат на Наполеон Бонапарта да влезе во поранешната руска престолнина Москва.
Не било лесно да се донесе таква одлука. Предавањето на градот би ги засрамило, а обидите за одбрана би предизвикале уште поголеми страдање, зашто една недела претходно руската војска во Бородинската битка изгубила околу 45.000 војници.
Армијата на Наполеон во преградието на Москва, 1812. Илустрација од почетокот на 20 век.
Global Look PressПо долго размислување генералот Михаил Кутузов наредил повлекување. Било поважно да се зачува војската, одошто да се брани Москва. „Ваше Величество, влезот на Наполеон во Москва не значи дека Русија е освоена“, му напишал тој на императорот Александар Први.
Големата Армија на Наполеон на 14 септември влегла во Москва без никаков отпор. Москва е освоена за првпат по 200 години (во 1612 година ја зазеле Полјаците). Но, градот бил речиси празен – од 275.000 луѓе кои живееле во него, останале само околу 6.000.
Пред да ја нападне Москва, Наполеон чекал Русите официјално да се предадат, но никој не го сторил тоа. Наместо очекуваното, тој добил известување дека градот е речиси празен. Наполеон влегол директно во Кремљ – резиденцијата на императорот Александар Први.
Штом Французите се нашле во цврстите бедеми на Кремљ, низ целиот град бувнале пожари. Наполеон го обвинил московскиот губернатор, генералот Фјодор Ростопчин, за јавна саботажа. Но, причината за пожарот ни денес не е позната. Некои руски историчари сметаат дека пожарите избиле случајно додека луѓето набрзина го напуштале градот.
Во секој случај, огнот го расипал триумфот на Наполеон и тој бил принуден да го напушти Кремљ. „Каква ужасна глетка! Какви луѓе! Па, тоа се варвари, Скити!“ му рекол тој на францускиот дипломат Луи Филип де Сегир.
Тогашна Москва била изградена од дрво, па пламенот уништил околу три четвртини од градот. Пожарите траеле сè до 18 септември. Францускиот војсководец ја охрабрувал својата војска од 100.000 луѓе слободно да шета низ градот, но работите излегле надвор од контрола и некои војници почнале да пљачкосуваат. Во Москва останале неколку илјади жители кои без оглед на малобројноста започнале борба и убиле десетици Французи.
Василиј Верешчагин, „Лоши вести од Франција”, 1887-1895.
Државниот историски музеј/Global Look PressНа непријателот не ми било лесно во Москва: се наближувала суровата руска зима, а резервите биле при крај. Селаните од предградијата неволно ги снабдувале Французите со храна. Наполеон бил принуден да разработи стратегија и решил да ја подготви војската за напад на Санкт Петербург. Но, неговите луѓе немале сили за поход на север и за борба со војската на Кутузов.
Наполеон трипати му пишувал на Александар Први од Москва и му нудел мир под услов Русија да се приклучи на Континенталната блокада на Британија, но не добил одговор.
Војската на Наполеон се повлекува, 1812.
Mary Evans Picture Library/Global Look PressНа крајот бил принуден да се повлече и кон средината на октомври 1812 година Французите тргнале кон запад. Било планирано да постават логор и да презимат на подрачјето помеѓу Днепар и Двина.
Наполеон бил гневен поради таквите околности, па наредил Кремљ да се крене во воздух, но Французите успеале да урнат само една кула. Срцето на Москва било оштетено но не и уништено – исто како и Русија.
Русите во меѓувреме ги пресекле сите патишта по кои француската војска била снабдувана. Повлекувањето на Наполеон станало вистински пекол. Со мали резерви на храна и неподготвена за зимата, војската на Наполеон претрпела огромни загуби пред да стаса во Париз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче