Василиј Суриков (1848 -1916): Ермаковото освојување на Сибир (1895).
Во шеснаесеттиот век руските истражувачи откриле пространи територии источно од Уралските планини, каде се наоѓал татарското Сибирско ханство со своја престолнина во Кашлик. Овие области Русите ги нарекувале Сибир, а потоа со овој назив биле наречени сите територии зад Урал до Тихиот океан. (Административно гледано, денешниот Сибир не го опфаќа Далечниот Исток, односно не се протега до океанот.
Богат со крзно, риба и руда, Сибир долго време ги привлекувал руските трговци и занаетчии. Тргувајќи со локалното население, односно разменувајќи разни производи за крзна, Русите успеале да продрат длабоко во Сибир и добро да го запознаат. Меѓу нов биле и Строганови, трговска фамилија која го снабдувала царскиот двор со скапи крзна, за што биле наградувани со бројни привилегии. Царот им давал право на користење земја зад Урал и им дозволил таму да изградат тврдини.
Портрет на Ермак Тимофеевич. Ставрополски регионален музеј на ликовни уметности. Непознат руски уметник (крај на 17 век).
Односите помеѓу Русија и Сибирското ханство станале напнати откако ханот Кучум дошол на власт. Поданиците на ханот преземале пљачкашки напади врз соседните руски села, палејќи ги и одземајќи им ја стоката, а луѓето го земале во ропство. За да ја одбранат својата земја од татарските напади Строганови добиле дозвола да организираат сопствена војска. Така во 158 година започнал воениот поход на Сибир под команда на Ермак Тимофеевич, искусен и храбар воин, ценет меѓу козаците. Ермак собрал 500 козаци и тргнал во освојување на Сибир.
Козачкиот атаман и неговите војници морале да се изборат со бројните тешкотии и пред да стапат на територијата на ханството. Кога дознал дека Русите ја преминале границата на неговото ханство, Кучум веднаш ја собрал војската. Нејзината бројност го загрижила Ермак, но тој не сакал да се повлече зашто веќе бил близу до целта. Ова се случувало кон крајот на октомври и северниот ветар го најавувал скорешното доаѓање на зимата. Во секој момент Сибир можел да стане замка за руските војници, така што војниците на Ермак немале избор – решиле да тргнат во напад на татарската престолнина Кашлик.
Иако помалобројна од Татарите, војската на Ермак имала огнено оружје и го поразила непријателот кој бил вооружен со лакови и со стрели, со копја и со мечеви. Откако видел дека Русите победуваат во оваа битка, ханот Кучум избегал од својот град, препуштајќи ѝ го на судбината.
Иако помалобројна од Татарите, војската на Ермак имала огнено оружје и го поразила непријателот кој бил вооружен со лакови и со стрели, со копја и со мечеви.
По освојувањето на Кашлик, козаците на Ермак се подготвувале за враќање во татковината, носејќи богат плен. Но, решиле да ја припијат кон Русија поразената орда на Кучум. Остварувајќи ја својата цел, војската на Ермак истовремено и почнала да слабее. Болестите и борбите со Татарите им нанеле ненадоместливи загуби на козачките сили. Сè дури имале доволно барут и олово тие можеле успешно да се борат против бројно надмоќниот противник. Сепак, набргу ја потрошиле речиси сета муниција, ја изгубиле главната предност над послабо вооружениот непријател. Ермак испратил гласник во Москва кој на царот му соопштил дека сибирската престолнина е освоена дека за конечна пресметка со војската на Кучум на козаците им е потребна помош во храна и во муниција. Но, бидејќи помошта не стасала брзо, станало опасно да се остане во Кашлик. Конечно, во очајнички обид да ги дополни резервите од храна, Ермак тргнал во својата последна битка. Една ноќ Татарите ги нападнале десеткуваните козаци и во таа борба загинал рускиот освојувач на Сибир.
По смртта на својот атаман козаците решиле да се вратат во Русија. Од 500 козаци кои со Ермак стасале во Сибир, дома се вратиле 90. Не ни претпоставувале дека бараната помош, забрзано се приближувала кон Кашлик.
Постојат голем број народни песни и приказни за Ермак. Споменот за него бил зачуван и меѓу Русите и меѓу локалните сибирски племиња. Собирајќи се на заедничките прослави, жителите на далечните села пееле руски и татарски песни за неговите подвизи. Тие плачеле со тажните песни, а со шегобијните се смееле. Овие обичаи се негувале и три век по загинувањето на славниот атаман кој ја „пренел“ територијата на Русија преку Урал и така овозможил таа да стане најголемата земја на светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче