Путин:Рускиот јазик е духовниот стожер на целата наша мултинационална земја

Рускиот јазик е државен јазик во Русија, јазик за меѓунационална комуникација и „со ништо не може да се замени“, изјави претседателот на Русија на седницата на Советот за меѓунационални односи.

Недозволиво е да се присилуваат луѓето да учат јазик кој не им е мајчин, како што е недозволиво да се намалува нивото на настава на руски јазик, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на седницата на Советот за меѓунационални односи.

„Подеднакво недопустливо е да се приморува човек да учи јазик кој не му е мајчин, како и да се намалува нивото и наставата на руски јазик“, изјави Путин, укажувајќи им ова прашање на шефовите на руските регионипренесува „Взгљад”.  

Тој исто така повика да се зачува и меѓунационалната слога во општеството во Русија.

Путин додаде дека рускиот јазик е државен јазик во Русија, јазик на меѓунационалната комуникација и дека „со ништо не може да се замени“.

„Тој е природниот духовен стожер на целата наша мултинационална земја, секој треба да го знае“, истакна Путин. Тој исто така додаде дека јазиците на народите на Русија се неодвоив дел од културата на народите на земјата и дека Уставот го гарантира правото овие јазици да се учат на доброволна основа.

Рускиот претседател додаде дека работите поврзани со традицијата и националниот идентитет се многу чувствителна сфера во која треба да се делува крајно деликатно и мудро. Меѓутоа, последниве години во оваа сфера, според него, постигнат е „голем и значаен напредок“.

На почетокот на март претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко изјави дека загрижува ситуаццијата во која, според податоците од анкетите, во некои субјекти на Русија до 10% од населението не го зборува рускиот јазик.

На 26 мај минатата година Путин на конгресот на Друштвото за руска словесност изјави дека улогата на рускиот јазик и книжевноста заслужува поголемо внимание од претходно, затоа што се работи за зачувување на националниот идентитет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња