„Форбс“ направи список на највлијателните Руси за последните сто години

Претседателот на Русија во текот на Директната линија.

Претседателот на Русија во текот на Директната линија.

Global Look Press
Магазинот „Форбс“ ги одбра Русите кои извршиле „огромно влијание на економијата, бизнисот, науката, општеството и политиката од 1917 до 2017 година“.

Магазинот „Форбс“ состави список на највлијателните Руси за изминатиов век. Меѓу стоте Руси кои одиграле клучна улога во историјата влегоа Владимир Путин, Јуриј Гагарин, Михаил Горбачов, Алла Пугачова и Леонид Брежнев.

Се истакнува дека редакцијата и експертите на магазинот ги одбраа Русите кои извршиле „огромно влијание на економијата, бизнисот, науката, општеството и политиката од 1917 до 2017 година“.

„Меѓу нив се Владимир Ленин и Леонид Брежнев, Иван Павлов и Николај Вавилов, Маја Плисецкаја и Фјодор Шаляпин, Леонид Гајдај и Сергеј Ејзенштајн“, се вели во соопштението за медиумите на медиагрупата ACMG која го издава „Форбс“ во Русија.

Меѓу стоте највлијателни луѓе на векот влегоа 21 современик, меѓу кои се претседателот на Русија Владимир Путин, ѕвездата на балетот Михаил Баришников, физичарот Жорес Алферов, создавачот на социјалната мрежа „ВКонтакте“ и Telegram Павел Дуров, режисерот Никита Михалков, хокеарите Александар Овечкин и Владислав Третјак, пејачката Алла Пугачова, математичарот Григориј Перелман, поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин и други.

Најмладиот од нив - творецот на криптовалутата Виталик Бутерин – има 23 години.

Списокот е објавен во септемврискиот број на магазинот и специјалниот проект „100 години „Форбс“.  Покрај тоа, „Форбс“ им понуди на читателите да учествуваат во составувањето на сопствен список на највлијателните сонародници и им даде можност да гласаат на сајтот, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња