Претседателот на Русија Владимир Путин на состанок со учесниците на детскиот центар за надарени деца „Сириус” ги наведе трите главни вредности во животот.
Путин го издвои „самиот живот, најголемата вредност“, како и љубовта и слободата, пренесува „Взгљад”.
Според него, за секоја од овие вредности „можат да се напишат трактати, а тие се и напишани“.
Зборувајќи за слободата, Путин истакна дека таа завршува онаму каде што почнува нарушувањето на слободата на другите луѓе.
Тој исто така рече дека важна особина во животот „ е да се умее да се оди до крај“.
Како голема предност кога се работи за односите со луѓето Путин ја наведе способноста да се владее со емоциите. Тој рече дека покажувањето агресија е всушност покажување слабост.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче