Во американската хумористична серија Saturday Night Live и во други слични американски шоу-програми во повеќе наврати се правеа шеги на сметка на фотографиите на Владимир Путин на кои рускиот претседател е гол до појас. Фрагменти од овие емисии преведени на руски јазик брзо станаа популарни во рускојазичниот Интернет.
По неодамнешниот одмор на Путин во руската република Тува на официјалниот сајт на Кремљ се појавија фотографии од одморот во тајгата. На нив рускиот претседател (повторно гол до појас) лови риба, се сонча и плива. Тогаш рускиот Интернет беше повторно преплавен со коментари на оваа тема.
Мора да се каже дека Путин изгледа добро кога ќе се слече до појас, без разлика дали лови риба, дали плива или јава. Рускиот претседател е пример за здравје, машкост и... убавина можеби би бил премногу силен збор, но секако можеме да кажеме дека тој е постојано во добра форма.
Како некаков господар на тајгата, Путин се „ширеше“ наоколу расоблечен до појас и така предизвика цел нов тренд на Интернет. Павел Дуров, основач на најпопуларната руска социјална мрежа ВК („ВКонтакте“) и месинџерот „Телеграм“, неодамна на Инстаграм постави своја фотографија на кој и тој се слече до појас, и ја проследи со коментар: „Морав сериозно да го унапредам својот Инстаграм за да останам во трката што започна со фотографиите на Путин на кои тој е гол до појас“.
„Ако си Русин, треба да се приклучиш на акцијата #PutinShirtlessChallenge (или да потонеш во заборав). Обрати внимание на две правила на Путин: без фотошоп и без 'пумпање'. Во спротивно не си алфа“, напиша Дуров.
Павел Дуров / nstagram.com/durov
Дуров на фотографијата (направена на индонезискиот остров Бали) гледа некаде замислено, обидувајќи се да заземе природна поза. Тешко е да се каже дали тој на неа малку се „напумпал“, но како и да е, луѓето ја прифатија иницијативата на Дуров и сега таа стана хит.
„Приклучете се на акцијата #PutinShirtlessChallenge. Идеја: @durov“
„Биди 'жестоко момче' како претседателот“.
„И ние го поддржуваме тоа. Биди како лидерот! Биди лидер!“
Некои корисници не ја сфатија иронијата на коментарот на Дуров и сега мислат дека тој го поддржува рускиот претседател. Но, тој не го поддржува. Претходно, додека беше генерален директор на ВК, Дуров одби податоците од својата социјална мрежа да ги стави на располагање на руската разузнавачка служба и да ја блокира украинската група „Евромајдан“. Потоа во 2014 година го продаде својот дел од акциите и ја напушти компанијата. Потоа тврдеше дека ВК ја узурпирале соработниците на Путин.
„Ова е тен на тракторист-алкохоличар. 'Има дозвола од Путин'“.
Луѓето изгледа едноставно ја искористија оваа акција за да ги објават своите фотографии на кои се голи до појас.
„Акцијата #PutinShirtlessChallenge што ја организираше @durov не е обична фотографија, тоа е сериозен чекор кон големата иднина“.
„Павел Дуров го започна овој перформанс. Ако си Русин, дрзни се да го предизвикаш Путин. Секој нема да разбере зошто тоа мене ме загрижува. Јас сум државјанин на Казахстан со постојан престој во САД. Јас сум за глобален мир“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче