Претседателот на Русија Владимир Путин призна дека отпорот на неговото некоректно однесување на кој наишол во детството на улица го научил да ги почитува другите луѓе.
„Еден од длабоките впечатоци кои денес ги паметам, тоа е моето некоректно однесување спрема друг човек и неговиот силен отпор на таквото мое однесување. Тоа се случи повеќе пати, но тоа го учи човека не само на љубезен однос спрема другите луѓе, туку го учи да ги почитува другите луѓе“, изјави Путин, пренесува „Взгљад”.
Шефот на руската држава го изјави ова одговарајќи на прашањето за највпечатливото сеќавање од детството кое му го поставија учесниците во кампот на Центарот за надарени деца „Сириус“.
Путин на средбата со децата претходно изјави дека живее нормален живот, дека го планира својот распоред на начин што има време за музика, спорт и дружење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче