Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека распадот на СССР е настанот кој најмногу влијаел на неговиот живот.
Одговарајќи на прашањето за најважниот настан во неговиот живот, Путин изјави дека тоа е тешко прашање. „ми се чини дека немаше ништо што го промени мојот живот, т.е. имаше нешто, но влијанието... Сега ќе се обидам сериозно да одговорам. Сепак тоа беше распадот на Советскиот Сојуз“, изјави Путин, пренесува „Взгљад”.
Според зборовите на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Путин смета дека распадот на СССР бил катастрофа. Претседателот на Русија во септември 2016 година изјави дека Советскиот Сојуз не морал да се распадне, туку дека можело да се оди по патот на демократски реформи.
Путин исто така смета дека поранешните членки на СССР во 1991 година со распадот на земјата се вратени неколку децении наназад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче