„Гаспром“ ја намали цената на гасот за Бугарија за 40%

Бојко Борисов

Бојко Борисов

Sina Schuldt/dpa/Global Look Press
Тоа е, наводно, симболичен подарок по повод одбележувањето на 142-годишнина од ослободувањето на Бугарија во Руско-турската војна, вели Бојко Борисов.

„Гаспром“ ја спушти цената на гасот за Бугарија за повеќе од 40%, изјави премиерот на таа земја Бојко Борисов.

Според него, од „Гаспром“ стигнал потпишан договор со цена на природниот гас намалена за преку 40%, при што се наведува дека тоа е симболичен подарок по повод одбележувањето на 142-годишнината од ослободувањето на Бугарија во Руско-турската војна, пренесуваат руските медиуми.

Борисов исто така ја истакна улогата на диверзификацијата и конкуренцијата во намалувањето на цената на гасот. Имено, Бугарија од октомври ќе може да добива до една милијарда кубни метри гас годишно од Азербејџан преку гасоводот TAP и гасната интерконекција со Грција (ICGB).

Освен тоа, Бугарија ќе има пристап до светскиот пазар на гас преку Грција и планира да увезува гас од САД, Катар и Египет.

Министерката за енергетика на Бугарија Теменушка Петкова ја истакна важната улога на Европската комисија на преговорите со „Гаспром“.

„Благодарение на интервенцијата на Европската комисија денес можеме да му се радуваме на овој одличен резултат“, истакна таа.

Претходно компанијата „Булгаргас” соопшти дека преговорите со компанијата „Гаспром експорт” за намалување на цената на гасот за Бугарија се во завршна фаза.

Министерката за енергетика на Бугарија при посетата на САД изјави дека нејзината земја до крајот на 2020 година планира дел од рускиот гас да го замени со американски и азербејџански.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња