Русија ги зголемува девизните резерви

Гувернерот на руската Централна банка Елвира Набиулина и министерот за финансии Антон Силуанов

Гувернерот на руската Централна банка Елвира Набиулина и министерот за финансии Антон Силуанов

Михаил Климентјев / ТАСС
За разлика од другите нафтени сили, Русија во текот на економската криза не трошеше пари што ги имаше заштедено претходно, додека приходите од нафтата беа енормно високи. Напротив, таа ги зголеми своите девизни резерви. Според експертите, главна причина за ваквата состојба е порастот на курсот на еврото, зашто во оваа валута се чуваат дел од руските резерви.

Од почетокот на 2016 година вкупната сума што ја поседуваат двата руски суверени фонда е зголемена за 1.7%. На тој начин Резервниот фонд кој е предвиден за пополнување на буџетот во случај на нагло паѓање на цената на нафтата е зголемен на 50.6 милијарди долари (3.4 билиони рубли), а Фондот за национална благосостојба, чија цел се долгорочни инвестиции, на 73.18 милијарди долари (4.9 билиони рубли). Ова е најголем забележан пораст од август 2014 година, кога фондовите беа зголемени за 2.3%, соопштува рускиот бизнис-весник „РБК-Daily”, повикувајќи се на податоци од Министерството за финансии.

Фондовите се пополнуваат со вишокот средства добиени со продажба на нафта по сложена шема. Имено, висината на сумата која се издвојува за фондовите е поврзана со нивото на бруто националниот приход и со цената на енергенсите. Обата фонда се основани вз база на стабилизацискиот фонд од 2008 година, со цел да се компензира влијанието на порастот на цените на нафтата на руската економија.

Главни причини за зголемување на резервите

Руските експерти објаснуваат дека порастот на резервите во руските фондови од почетокот на 2016 година е поврзан со курсот на еврото во однос на доларот.

„Зголемувањето на руските фондови главно се дефинира со факторот на промена на вредностите, а количеството долари и евра во овие фондови е речиси исто“, вели Константин Коришченко, шеф на катедрата за пазари на хартии од вредност и финансиски инженеринг при Руската академија за народно стопанство и државна администрација, кој е поранешен заменик-директор на Централната банка на Русија. Според него, еврото во март скокнало во однос на доларот за над 4% и поради тоа е зголемена вредноста на резервите во долари.

Средствата на руските фондови се чуваат во долари, во евра и во фунти стерлинзи. Во Резервниот фонд на 1 април имаше 22.7 милијарди долари, 20.3 милијарди евра и 3.4 милијарди фунти стерлинзи, а во Фондот за национална благосостојба – 33 милијарди долари, 20.8 милијарди евра, 3.8 милијарди фунти стерлинзи и 751 милијарда рубли.

Без непотребни трошоци

Слични фондови основаа Саудиска Арабија и Норвешка. Владата на Норвешка во јануари 2016 година поради сè послабата економија мораше да симне 780 милиони долари од сметката на резервниот фонд, додека Саудиска Арабија од третиот квартал на 2014 до третиот квартал на 2015 година од своите суверени фондови во странство подигнала 72.8 милијарди американски долари.

Русија, пак, тргна во спротивна насока, односно не трошеше средства од фондовите, вели аналитичарот на инвестициската компанија „Финам“ Богдан Зварич. Во спротивно можеше да се случи ситуацијата на пазарот да стане уште покритична, и да нема доволно средства за нејзина стабилизација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња