Русија и Украина преговараат за гасот

Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан минува покрај Алексеј Милер, извршен директор на Гаспром, по трилатералните преговори меѓу ЕУ, Украина и Русија во Берлин, 26 мај 2014. Извор: Ројтерс.

Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан минува покрај Алексеј Милер, извршен директор на Гаспром, по трилатералните преговори меѓу ЕУ, Украина и Русија во Берлин, 26 мај 2014. Извор: Ројтерс.

До крајот на неделава украинската страна би можела да ѝ плати на Русија 2 милијарди долари, изјави по преговорите во Берлин европскиот комесар за енергетика Гинтер Јотингер. Ситуацијата е покомплицирана, зашто Русија овие пари ги сфаќа како плаќање на дел од долгот, а Украина како претплата за идните испораки на гас.

Прва уплата 

Според европскиот комесар за енергетика Гинтер Јотингер, Нафтогас на Украина веќе денес е подготвен да уплати како претплата 2 милијарди долари на сметката на Гаспром. „Така ќе се даде јасен сигнал за ликвидноста на Украина“, изјави тој по преостанатите преговори во Берлин. Според него, страните се сложиле околу тоа дека доколку до 29 мај бидат уплатени 2 милијарди долари, преговорите можат да продолжат и да се разгледа понатамошната цена на енергетските ресурси. „Целта е до крајот на неделата да се договориме за прифаќање на цента за нафтата и од едната и од другата страна“, објасни европскиот комесар. Според извор на весникот „Известија“, кој бил присутен на преговорите, украинската страна ветила да уплати 2 милијарди долари до крајот на неделава, а потоа уште 500 милиони долари до 5 јуни. Потоа страните повторно можат да седнат на преговарачка маса. 

Припејд гас за Украина
Рускиот гасен холдинг Граспром отсега на Украина ќе ѝ го наплатува гасот однапред, зашто украинската страна сè уште го нема исплатено долгот од 3.5 милијарди долари. Руската компанија на Украина веќе ѝ ја испрати сметката за јуни. Доколку парите не бидат уплатени до почетокот на јуни, ќе биде загрозена и испораката на гас за Европа, зашто не е исклучено неовластено земање од транзитниот гас од страна на Киев, каков што беше случајот во 2006 година.

Според Павел Зваљни, претседател на Руската гасна заедница, доколку Украина го исполни своето ветување и плати во текот на следниве неколку дена, за Русија нема да има смисла да инсистира на цената од 485 долари за илјада кубни метри. Според мислење на извор близок до Гаспром, а кое го пренесува весникот Известија, цената за Украина може да изнесува 380-390 долари за илјада кубни метри, но само со услов за навремена уплата. „Украинската страна се сложи, ако можеме така да кажеме, да поразговара со властите на Украина за тоа дали може оваа недела да се уплатат 2 милијарди долари за испорака на гас. И тоа е нешто“, изјави во интервју за телевизискиот канал Русија 24 Алексеј Милер. 

Сумата на долгот 

Според податоците на Гаспром, од 1 јуни Украина нема да ги плаќа претходните долгови, но ќе уплатувала нови средства за идниот гас. Тоа значи дека од 3 јуни државата нема да добие гас од Русија за своите потреби, а испораката ќе се врши само за Европа. Згора на тоа украинската страна не е подготвена да плати 2.2 милијарди долари, што е долг кој е настанат во првиот квартал од 2014 година со цена од 268.5 долари за илјада кубни метри. Сè на сè Украина должи за гас повеќе од 3.5 милијарди долари. По влегувањето на Крим во составот на Руската Федерација, Гаспром го укина попустот за Украина и цената од први април порасна на 485 долари за илјада кубни метри. 

„Руската страна и понатаму зазема неконструктивна позиција и бара безусловно да ѝ се исплатат сите сметки, вклучувајќи ги и спорните суми. Нафтогас на Украина уште еднаш ја потврди подготвеноста да ги исплати неплатените сметки со цивилизиран компромис кој гарантира непрекината испорака на гас во Украина“, стои во службениот допис на компанијата Нафтогас. 

Сепак премиерот на Украина Арсениј Јаценјук неочекувано на седница на владата го поврза неплаќањето на долгот за гасот со статусот на Крим. Според него, Украина бара од Русија да плати една милијарда долари за 2 милијарди кубни метри гас што ѝ припаѓаат на кримската компанија Черноморнефтгас. Но, според податоците на самата компанија, обемот на единственото наоѓалиште на Крим се проценува на 1.2 милијарди кубни метри гас, а само 768 милиони кубни метри се извадени во резервоарите. Со тоа, исплатата на долгот на гасот никако не е поврзана со статусот на полуостровот, сметаат во Гаспром.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња