Орбан: Нема да има автоматско продолжување на санкциите против Русија

Во моментов е потребно мирно да се разгледа прашањето за исполнувањето на „Минската спогодба“, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека автоматско продолжување на санкциите против Русија нема да има, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Орбан додаде дека е потребно спокојно да се разгледа прашањето за реализацијата на „Минската спогодба“ за решавањето на ситуацијата во Украина.

„На крајот на првата половина од годината во ЕУ се предвидува сериозна дискусија за исполнувањето на „Минската спогодба“. Со други зборови, автоматско продолжување на санкциите против Русија нема да има. Независно од тоа каква одлука ќе донесеме, пред тоа треба да има мирна и објективна анализа на прашањето за „Минската спогодба“, изјави Орбан, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња