Во 2013 година руската рубља доби официјален симбол. Извор: РИА Новости
Руската економија ја заврши годината во состојба на минор. Во текот на годината руските и странските експерти во повеќе наврати зборуваа за намалувањето на прогнозата за пораст на БДП.
Повторното разгледување на прогнозите сите го објаснуваат на различен начин. Но, сите објаснувања доаѓаат до иста основа за тоа дека причините лежат во самата земја. Ова го призна и претседателот Владимир Путин при своето недамнешно обраќање во Федералното собрание.
Постојат две основни причини:
- намалување на инвестициите во основниот капитал за сметка на крупните државни компании, меѓу кои и оние од енергетскиот сектор. Ова, според мислењето на Алексеј Балаев од Експертската економска група (ЕЕГ) беше клучен фактор, кој влијаеше на забавениот економски раст.
![]() |
Руските брендови треба повеќе да работат Најскапите руски брендови значително заостануваат зад брендовите од развиените земји. |
- намален раст на побарувачката, меѓу другото и поради преголема задолженост во кредити на населението. Според податоците од Централната банка, кредитната задолженост на секој вработен изнесува околу 3.7 средни месечни плати.
Всушност, постои мислење дека без оглед на влошувањето на определени показатели, во целина ситуацијата не е критична. „Тенденцијата на стагнација започна уште во 2012 година. Тогаш беше поставено прашањето за тоа дали ќе продолжи ваквата стагнација или земјата повторно ќе влезе во рецесија. Но, најлошото сценарио не се реализираше“, објаснува Сергеј Пухов, експерт на Центарот за развој при Вишата школа за економија.
Покрај тоа Русија почна да ја подобрува својата позиција на светските рејтинзи. Така според рејтингот Doing Business, земјата се искачи од 112 на 92 место. „Ова зборува за тоа дека без оглед на сите нијанси на руската политика, државата може да се мобилизира и насочено да постигнува подобрувања во потребните аспекти“, смета Максим Петроневич. Експерт од Центарот за економска прогноза на „Гаспромбанк“.
Поголема улога на Централната банка
Од гледна точка на странските инвеститори мошне важен настан е создавањето на мегарегулатор кој е претставен преку Централната банка, која ќе ги следи ризиците што ги трупаат врз себе финансиските и банкарските фирми и пензиските фондови. „Ова е важно од гледна точка на контролата на ризиците и на динамиката на кредитната и на депозитната активност на овие фирми“, објаснува Максим Петроневич. Статусот на мегарегулатор Централната банка го доби набргу по доаѓањето на новата екипа. Во јули на чело на Централната банка застана Ељвира Набиулина. Новото раководство веднаш почна да води цврста политика во однос на банките. Основата на новиот курс на Централната банка е дека повеќе нема да постојат „недопирливи“. Регулаторот од моментот на доаѓањето на новото раководство им ја одзеде лиценцата за работа на 26 банки. Тоа е повеќе одошто за целата 2012 година. Една од најголемите беше приказната со Мастер-Банк. Оваа банка беше една од стоте најголеми парично-банкарски организации. Централната банка ја обвини за сомнителна дејност. Експертите сметаат дека оваа мерка одамна се надгледувала. „Владата во повеќе наврати изјавуваше дека има намера да отстрани „стотици“ банки кои ги опслужуваат интересите на бизнис-групи или на определени бенефициенти, но овој процес одеше многу бавно“, објаснува Крис Уифер, основач и постар партнер на Macro Advisory.
Курсот кон ЗНД и кон Истокот
Во 2013 година економската политика на Русија беше насочена кон балансирање на трговско-економските односи со другите земји, кон намалување на зависноста од европскиот пазар. Затоа основни тенденции станаа: продлабочување на интеграциите со земјите од ЗНД и зацврстување на односите со азиските земји. Во рамките на ЗНД станува збор за развивање на царинскиот сојуз со перспектива за образување на единствено економско пространство во 2017 година. „Се активизираше борбата за Украина. Русија имаше офанзивна тактика, но тоа е политика. Доколку на крајот Украина остане со Царинската Унија, тогаш може да се каже дека тоа е успех“, вели Сергеј Пухов.
Беше активирана и интеграцијата со земјите од Источна Азија во сферата на извозот на нафта и на гас. Станува збор за соработка со Кина, со Јужна Кореа и со Јапонија. Од своја страна азиските земји исто така пројавија интерес за Русија. Тие почнаа да инвестираат во проектите поврзани со суровини, а пред сè во Источен Сибир.
„Најефикасна форма на соработка за Русија и Кина би можеле да станат заедничките претпријатија за разработка на природни ресурси на руска територија со понатамошен извоз на ресурси во Кина.“, смета Сергеј Луконин, постар научен соработник на Центарот за азиско-тихоокеански истражувања при Институтот за светска економија и меѓународни односи на Руската академија на науките. Освен тоа, за кинеските партнери би можеле да бидат интересни инфраструктурните проекти.
Кога станува збор за Јужна Кореа, Русија е заинтересирана за високотехнолошкиот сектор. Пред Русија е исправена задачата да ја модернизира економијата. И Јужна Кореја би можела да пренесе некаков дел од високотехнолошкото производство на нашата територија, - смета Луконин. Освен тоа, Русија може да ја заинтересира Кореја со ретките земјени метали.
Пробиви
Во 2013 година Русија го најави појавувањето на првиот нискобуџетен авиопревозник во земјата, како и првиот руски смартфон. Нискобуџетната авиокомпанија „Доброљот“, кој беше основан врз база на Аерофлот, најави примање на персонал. За ефективноста на авиопревозникот нема да може многу бргу да се суди, но неговото појавување најверојатно ќе доведе до измена на моделот на бизнис кај постоечките играчи: цените на билетите ќе паднат и авиосообраќајот ќе стане подостапен за Русите.
А, појавувањето, пак, на првиот руски смартфон, Јотафон, експертите го нарекуваат безусловен пробив на годината. „Покажавме дека во отсуство на поддршка од државата можеме да реализираме концепт, - вели Максим Петроневич. – Постоеја стартапи кои беа предложувани за футрола за ајфон со екран врз основа на технологијата на црно мастило. Но, ниту еден од проектите не беше доведен до производствен циклус. Тимот на „Јота“ покажа дела можеме да ги решаваме инженерските проблеми со кои не можат да се справат стартапите од поразвиени земји. За тоа сведочи и постоењето како на желба и на талент, така и на можности“, смета Петроневич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче