Лево храмот „Св. Василиј Блажени“ во Москва, десно „Спас на Крвта“ во Санкт Петербург
Legion MediaСпоред познатата легенда, Иван Грозни наредил да им се ископаат очите на неимарите Барма и Постник за никогаш повеќе да не создадат нешто толку убаво како што е храмот „Св. Василиј Блажени“.
Храмот „Св. Василиј Блажени“, Црвениот плоштад, Москва
Legion MediaА сепак, во Русија во XIX век се појавил фактички двојник на оваа црква. Како дошло до тоа? Имено, московскиот храм на крајот на XIX век го дефинирал таканаречениот „руски стил“ во архитектурата. Изобилство од црвена тула, орнаменти, „кокошници“ (специфичен декоративен елемент), врежани елементи на фасадата...
Храмот „Спас на Крвта“, Санкт Петербург
Legion MediaАлександар III за изградба на црквата на местото на загинувањето на неговиот татко го избрал токму рускиот стил. Затоа црквата „Спас на крвта“, отворена 1907 година, се издвојува во претежно барокно-класичното уредување на Санкт Петербург.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче