Храмот „Василиј Блажени“ е подигнат во 1555-1561 година, така што во 2021 година полни 460 години.
Изградбата на храмот ја наредил Иван Грозни во чест на освојувањето на Казањското царство и присоединувањето на Казањ на московската држава. Тоа се случили еден ден по важниот православен празник Покров на Пресвета Богородица, кому е и посветен храмот.
Во целиот свет оваа градба е позната како храмот на Василиј Блажени иако нејзиното официјално име е всушност Црква на Покровот на Пресвета Богородица на Ровот или Покровска црква.
Посебен дел на црквата со спореден олтар, посветен на јуродивиот Василиј Блажениот, е доѕидан подоцна. Само тој дел од црквата имал греење и во него се одржувале служби секој ден, така што целата црква го понела името по него.
Целиот храм има вкупно 11 олтари, односно 11 самостојни цркви со свои иконостаси. Храмот има и 11 куполи: девет се наоѓаат над десет посебни цркви, две над црквата „Василиј Блажени“, а една над камбанаријата.
Според најпознатата верзија, неимари на храмот биле извесни Барма и Постник. Според легендата, Иван Грозни подоцна наредил тие да бидат ослепени за никогаш да не изградат ништо поубаво.
Храмот неколку пати горел и во XVII-XVIII век неколку пати го менувал својот изглед. Храмот бил преуредуван, му биле доѕидани неговиот припрат, тремот и споредните олтари. Дури и покривот се менувал. На пример, на старите гравури е прикажан храмот со една висока купола во облик на шатор, која подоцна била изгубена.
За време на антирелигиозната кампања во СССР храмот за чудо преживеал, иако советската влада планирала и него да го сруши. Но, најеминентните архитекти и историчари се избориле да се зачува храмот, со тоа што е претворен во историско-архитектонски музеј.
А за да не заборават жителите на Советскиот Сојуз дека црквата повеќе ја нема својата поранешна функција, изложбата била посветена на темата: религијата е зло. На пример, во советско време над вратата имаше цитат од Карл Маркс: „Укинувањето на религијата како илузорна среќа на народот е неопходен услов за неговата вистинска среќа“.
Во советско време храмот беше сериозно реставриран и беше планирано да му се врати изворниот изглед. Заради тоа беа отстранети слоеви боја и беа откриени цигли и украсни елементи од бел камен. Притоа многу стари фрески беа засекогаш изгубени.
Денес во храмот „Василиј Блажени“ се одржуваат богослужби, но тој и понатаму е филијала на Историскиот музеј и во него редовно се организираат тури со водич. Еден од главните симболи на Москва е исто така објект на Светското културно наследство под заштита на УНЕСКО.
Изложбата „Време на промени. Покровската црква од 1920-тите до 30-тите“ ќе се одржи во Историскиот музеј од 28 јули 2021 година до 24 јануари 2022 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче