Во рамките на подготовките за Олимпијадата, во 2013 ќе се одржат 44 меѓународни и руски натпреварувања

Во 2013 година ќе се одржи главната проба на Олимпијадата, во чии рамки ќе бидат одржани 44 меѓународни и руски натпревари.

Во текот на состанокот кој го одржал премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, претседателот на автономната некомерцијална организација „Организациски комитет на XXII Олимписки Зимски Игри и XI Параолимписки Игри 2014 во Сочи“, Дмитриј Чернишенко, соопшти дека во 2013 година ќе се одржи главната проба на Олимпијадата, во чии рамки ќе бидат одржани 44 меѓународни и руски натпревари.

„Во пробната сезона ќе се одржат 73 случки во 15 видови спорт. Тоа е апсолутен рекорд и е многу повеќе, отколку на претходните Игри во Торино и во Ванкувер“, изјавил Дмитриј Чернишенко.

Тој подвлеков дека програмата на Олимписките Игри ќе биде без аналози според бројот на видови спортови. За прв пат во историјата на олимпиското движење ќе се одржат 98 спорта, 12 повеќе од Ванкувер.

„Во следните четири месеца ќе се одржат меѓународни натпревари во сите олимписки и параолимписки дисциплини, поради што Сочи влее во списокот на најспортски градови на планетата“, забележа Чернишенко. Тој додаде дека во текот на натпреварите ќе учествуваат 3,6 илјади спортисти, 2,2 илјади тренери и специјалисти, 1,4 илјади судии и 5,2 илјади волонтери.

Што се однесува до волонтерското движење, Чернишенко забележа дека сега се тестираат и волонтерите кои ќе работат за време на Игрите.

„Конкурсот за волонтерско учество на Игрите е построг отколку на факултетите“, забележа тој, уточнувајќи дека за време на Игрите ќе бидат ангажирани 25 илјади волонтери, додека во овој момент се поднесени 150 илјади барања.

Пробните натпревари, според неговите зборови, ќе ги посетат повеќе од 80.000 гледачи, како и 1.500 претставници на средствата за масовно информирање.

„Петнаесет меѓународни натпреварувања ќе бидат пренесувани во 30 земји. Руската организација, специјално создадена за оваа цел, ќе го пренесува сигналот секаде каде ќе се гледаат натпреварите“, забележа Чернишенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња