Жерар Депардје доби руско државјанство

Претседателот Владимир Путин ја потпиша одлуката за доделување на државјанство на францускиот актер Жерар Депардје.

Претседателот Владимир Путин ја потпиша одлуката за доделување на државјанство на францускиот актер Жерар Депардје.

Одлуката е објавена на интернет-страницата на Кремљ. „Според точка „а“ од членот 89 од Уставот на Руската Федерација, се одобрува барањето за доделување на државјанство на Руската Федерација на Жерар Ксавиер Депардје, роден во 1948 година во Франција“, - стои во одлуката. Портпаролот  за односи со јавноста при кабинетот на Претседателот на Русија, изјави дека одлуката за доделување на државјанство на Жерар Депардје е поврзана со неговиот голем допринос во развојот на руската култура и кинематографија.

Заменик премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, смета дека после Депарјде, руско државјанство ќе побараат и други богати странци поради ниското ниво на данок на доход.

„На Запад слабо се познати карактеристиките на нашиот даночен систем. Кога ќе дознаа, можеме да очекуваме масовна миграција на богати Европјани во Русија“, напишал тој на својот микроблог во Твитер.

Депардје изјави дека се откажува од француското државјанство во средината на декември минатата година. Актерот, како и многу други француски милионери, изрази незадоволство од новиот данок на доход од 75%, која Франција го воведе за своите богати граѓани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња