Петте лика на Ана Каренина во филм: од Грета Гарбо до Татјана Друбич

На 3 јануари во Русија излегува нова екранизација од романот на Лав Толстој - „Ана Каренина“.

На 3 јануари во Русија излегува нова екранизација од романот на Лав Толстој - „Ана Каренина“. Овој пат улогата на режисер ја презеде британскиот режисер Џо Рајт. Љубовниот триаголник сега го играат Кира Најтли, Аарон Тејлор и Џад Лоу.

Досега овој роман е екранизиран околу 30 пати, и, секако, секој од овие филмови си има свои поклоници и јаросни противници. Секогаш е неблагодарно кога се екранизира вакво легендарно дело. Не е лесно да се остварат очекувањата на гледачите кои веќе ја прочитале книгата или гледале друга екранизација. Меѓу гледачите од англосаксонското говорно подрачје сѐ уште се води спор за најдобрана Каренина - Грета Гарбо или Вивен Ли, ладната швеѓанка и милата британка. Во Русија повеќе од половина век пиедесталот го држи Татјана Самојлова.

Ви ги претставуваме петте  најдобри лика кои ја одглумиле Ана Каренина во филм:

1. Грета Гарбо (1927,1935, САД),

2. Вивиен Ли (1948, Велика Британија),

3. Татјана Самојлова (1967, СССР),

4. Софи Марсо (1997, САД),

5. Татјана Друбич (2008, Русија).

Оставаме вам, почитувани читатели, да процените која од следниве актерки најдобро ја доловила душата на Ана Каренина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња