Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич ги отфрли информациите дека ќе се користат воени бродови за да се евакуираат руските државјани од Сирија, нарекувајќи ги медиумски шпекулации.
„Секако, нема да коментирам за бродовите и слично. Тоа е голема новинарска шпекулација. Многу новинари измешаа различни работи на едно место“, рече Лукашевич на средбата со новинарите во Москва.
„Тоа е чуствително прашање. Не можеме и нема да дискутираме детали од разбирливи причини. Но, секако дека имаме план. Состојбата станува покомплицирана. Мора да се биде подготвен да се одговори на сите можни сценарија“, рече тој.
Безбедноста на руските државјани е приоритет за Министерството за надворешни работи, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче