Нафтената геологија претставува посебен применет дел од геологијата. Последните 40 години станаа важен период од развитокот на оваа област на науката. За ова време беа откриени уникатни наоѓалишта, и главната задача се гледаше досега во зголемувањето на експлоатацијата на нафтата. Сега се случуваат историски промени, се менува балансот на силите, кажува директорот на институтот за нафта и гас при Руската Академија за науки и уметности, Анатолиј Дмитриевскиј.
„Пред водечките држави во светот стојат сериозни проблеми, од чие решавање зависи целата иднина на светот. Може да се каже дека ние сега се наоѓаме во почетокот на крајот на нафтената ера, која го одбележа целиот ХХ век, утврдува академикот. Сиве овие години, имено нафтата го определуваше технолошкиот прогрес. Моторот со внатрешно согорување го измени ликот на светот, обезбедувајќи невиден раст на производителноста. Големото зголемување на популацијата кај земјите во развој доведува до зголемување на побарувачката на нафта. Од друга страна, резервите на нафта се ограничени.
Во 2014 година во Москва ќе се одржи 21-от Светски нафтен конгрес. Основните прашања кои ќе бидат разгледувани на конгресот звучат вака: „По кој правец ќе појде светот? Која е понатамошната улога на нафтата и гасот во светската економија? Кои технологии за екстракција ќе станат најдобри? Што ќе биде најефективно: екстракција на нафта во море, на сѐ поголеми длабочини, или екстракција на тешка нафта од површината. Како ќе се решаваат соодветните еколошки проблеми? Ќе даде ли гасот од шкрилци импулс за развиток на индустријата во индустриски развиените држави?
„Цените на нафтата во блиска иднина, во средна и подалечна перспектива, е само една од проблемите, утврдува научникот. Јасно е само едно – при цена од 150 долари за барел нафта, автомобилската индустрија е способна да произведе економичен мотор кој користи малку бензин. И не само тоа, опасноста од високите цени веќе доведе до појава и на електрични автомобили“.
Во последните неколку години, поимот „гас од шкрилци“ се претвори во еден вид „страшило“ за Русија, а посебно за „Гаспром“. Да се обидеме да појасниме, за што имено станува збор. Историјата започна во 2002 година, кога американската компанија „Дево Енерци“ за прв пат доби гас од шкрилци со дупчење. Таа година се смета за почеток на Големата револуција на гасот од шкрилци. За САД, кои се високо зависни од увозот на гас, овој вид гас се покажа како вистински спас. Наскоро САД можат речиси целосно да се откажат од увозот на гас од Кипар и Египет, а во 2009 година, надминувајќи ја Русија, станаа светски лидер во производството на гас – 745,3 милијарди кубни метри.
„Гаспром“ не посвети посебно внимание на гасниот триумф на САД. Експертите имаа и основа за тоа. И покрај сѐ, гасот има редица недостатоци. Прво – неговата екстракција е навистина скапа (според сегашните трошоци, гасот ќе постигне цена не помала од 150 долари за илјада кубни метри, додека рускиот гас има трошоци за екстракција од 50 долари, со пресметани транспортни трошоци). Технологијата на добивање гас од шкрилци станува рентабилна само ако цената на гасот е висока.
Второ – методот на негово добивање има голем негативен ефект врз средината – многу метан оди во воздухот, со што дополнително се влошува ефектот на стаклена градина. Дури и хемиските реагенти кои се нус продукт на овој процес – воопшто немаат позитивен ефект, посебно во подрачјата кои се густо населени.
Сепак, ситуацијата со гасот од шкрилци се покажа посериозна, отколку што сметаа во „Гаспром“. Во компанијата веќе почнаа да го признаваат тоа. Дури и Владимир Путин се заинтересира за „Гаспром“ и глобалните измени на пазарот на енергенси. Тој му наложи на Министерството за енергетика да го ревидира планот за развој на оваа гранка од индустријата до 2030 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче