Започнува Топ-16 фазата во кошаркарската Евролига

Станува поинтересно во Топ-16 фазата во кошаркарската Евролига.

Утре започнува Топ-16, најпрестижниот кошаркарски турнир во Евролигата. Во него Русија ќе биде претставена од две екипи: ЦСКА и „Химки“. Двата клуба ја поминаа првата етапа.

За разлика од претходните турнири, овој пат Топ-16 ќе биде изменет. Турнирот го промени својот формат и наместо четири групи од по четири екипи, од кои напредуваа само двете најдобри, учесниците сега се поделени на две големи групи од по осум клубови, од кои само по четири ќе одат во следниот круг.

На прв поглед, ова не е ништо револуционерно, бидејќи во play-off и така ќе влезат сите осум екипи. Како што изјавува капетанот на ЦСК, Виктор Хрјапа, разликата е во тоа што сега ќе се зголеми бројот на игри.

Претходно Топ-16 фазата наликуваше на фазите од фудбалската Лига на шампиони, во која статусните клубови се среќавале во првите четири средби, си обезбедувале влез во следната етапа, а потоа само доигрувале. Сега, како што кажува Хрјапа, „ќе биде многу интересно“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.