Деветгодишните преговори меѓу „Гаспром“ и Киргистан за купување на „Киргисгас“ се блиски до завршување. Киргистан сака да продаде 75% од компанијата за симболична сума од 1 долар, а како замена за тоа, очекува од „Гаспром“ да ги заборави долговите.
Премиерот на Киргистан, Жанторо Сатибалдиев, на заседанието во парламентот во средата изјави дека државата може да му продаде на „Гаспром“ 75% од компанијата „Киргисгас“ за 1 долар, соопшти информативната агенција Тазбек. Од „Гаспром“ се бара во замена за тоа да „ги прости на компанијата долговите“. За колкави долгови станува збор, не е кажано.
Пред сѐ, претставниците од Киргистан се надеваат на ваков начин да ги решат проблемите со својата задолженост.
Преговорите за приватизација на „Киргисгас“ од страна на руската компанија се водат уште од 2003-та година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче